• Latest

Дебата: Насилството не е судбина, туку криминал, мора да се охрабриме да пријавуваме

December 7, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Дебата: Насилството не е судбина, туку криминал, мора да се охрабриме да пријавуваме

December 7, 2021 14:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Насилството не е судбина, тоа е криминал, а раната на една жена е рана на сите нас. Оваа рана никогаш нема да престане да крвари и да боли ако продолжиме да молчиме. Помина времето кој е појак, а кој послаб, денес е време на еднаковст, солидарност, храброст која говори како да одиме напред и како да постигнуваме резултати. Да не се срамиме, да не ни биде страв, постојат институции, постои системска заштита, мора да се охрабриме, се пораките кои беа испратени на денешната дебата „Жената како жртва на насилство – механизми за заштита и помош од институциите“ во организација на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН.

На дебатата свое учество зема Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор во земјава која порача дека насилството се случува 365 дена во годината и оти треба да излеземе и да кажеме „ние сме жртви, ни треба помош, затоа треба институциите да бидат зад нас и да ни помогнат“.

– Овие 16 денови на активизам против семејното насилство не сакам да запрат, сега со настанот на 12.12 во 12 часот веќе зборував со адвокати кои во различни градови ќе направат обуки во однос на тоа што се случува таму и навремено да им кажуваме на децата од 15 години и нагоре до кај 20-21 година, колку е важно да знаат и да ги распознаат чекорите на насилство. Ќе продолжиме со уште многу хуманитарни каузи, изјави Ангелова за МИА.

За следната година најави дека ќе ја спроведе кампањата „Стоп на семејното насилство , животот е твој“.

– Верувам дека и тогаш ќе имаме толку голема сила како и сега или уште поголема за што многу силно се надевам, а за оваа година на 12.12. во 12 часот се надевам дека ќе излеземе сите ние во градовите во Северна Македонија со дозвола на градоначалниците на места на кои ќе бидат посочени од нив. За таа голема национална иницијатива имаме осум градови кои го потврдија своето учество и тивко да кажеме стоп на домашното насилство „Биди храбар или храбра“. Тивко заради тоа што понекогаш да замолчиме значи многу повеќе отколку да кажеме илјада зборови, нагласи Ангелова.

Маја Ацевска од Кризен центар надеж, кој минатата недела одбележа 20 години постоење, вели дека соработката меѓу институциите постои одамна, но секогаш недостасува некоја „алка“ во целиот ланец која ќе ја спречи заштитата на жртвата.

– Повеќе од 80 посто од жртвите кои се згрижуваат кај нас се враќаат во насилната средина и тоа е недостаток во целиот систем на заштита за да дојде на крај до успешно решавање на проблемот. Честопати се случува да имаме долг период на чекање на реакција од некоја од институциите. Нам ни се случувало да чекаме многу време обвинителството да постапи по некоја одредена пријава, да се изречат мерки за заштита, и кога тие ќе ги предложат мерките за заштита чекаат судот да ги изрече и тоа се чека прилично долго, не е така како што е превидено во законите. Тие се некои алки во ланецот што мора да бидат сите врзани, брзи, ефикасни за да не доаѓа или да не е толкав процентот на жени жртви кои биле згрижени, започната е некаква пoстапка за нивна заштита, па е прекината и се вратиле во насилната средина и понатаму, после извесен период се враќаат на истиот процес. Се случува ревиктимизација, што сите се залагаме да не биде така, потенцира Ацевска.

Сподели податок од 2019 година, дека само 35 судски предмети за семејно насислтво постоеле од кои само седум се со донесени пресуди, од тие само една била обвинителна, но повеќето се ослободителни или поминати со парична казна.

– На нашата СОС линија во просек годишно примаме преку 500 повици. Ако го земеме тој број како некоја основа колку луѓе се соочуваат со овој проблем, таа бројка од предмети кои стасале до судовите е многу мала. Знаеме дека постојат повеќе. Во иднина мора да работиме на подигнување на свесноста за колку е важно да се пријавува овој проблем во надлежните институции, но мора да се работи и на освестувањето кај народот. За жал менталниот склоп е се уште таков, се уште постои срам, страв, нешто што ги спречува јавно да проговорат за проблемот, рече Ацевска.

Ректорот на ФОН Мирко Трипуноски апелираше да се зголеми свеста кај сите луѓе што е тоа зло на општестото што му се нанесува, што е тоа што ги нарушува човековите права и слободи и го прави јазот меѓу појакиот и послабиот пол.

 

– Мислам дека помина времето кој е појак кој е послаб, денес е време на еднаковст, солидарност, храброст која говори како да одиме напред и како да постигнуваме резултати, нагласи Трипуноски.

Сезен Цаноска, генерален директор на човечки ресурси на ФОН истакна дека бројот на жени од целиот свет е се помал поради насилството.

– Насилството не е судбина, тоа е криминал. А раната на една жена е рана на сите нас, затоа што сите сме поврзани еден со друг. И оваа рана никогаш нема да престане да крвари и да боли ако продолжиме да молчиме. Затоа сме овде денес да зборуваме гласно и да ги слушнеме гласовите кои се во опасност. Мора да преземеме акција! Ние се надеваме како жени затоа што знаеме дека имаме сила да го промениме светот. Многу е важно ние како родители да сме добар пример за нашите деца, бидејќи образованието започнува прво од дома, нагласи Цаноска.

На настанот, искуство сподели Ивана Ѓорѓиева, која била жртва на семејно насилство, посочувајќи дека во тие моменти поддршка не добила од ниту една институција.

– Една од многуте, но мислам една од малкуте кои сакаат јавно да зборуваат за семејно насилство. Се запознавме со мојот партнер на неполни 18 години, дојдовме да живееме во Скопје бидејќи студирав на ПМФ а тој веќе вработен во Скопје. Насилството оттогаш и почна. Стравот беше доста поголем од желбата за дипломирање. Морав да се вратам во Кочани бидејќи од таму и потекнувам се роди и нашиот прв син кога почнаа веќе поголеми тортури. Околината беше мала, табу тема беше зборувањето за развод, уште повеќе семејно насилство. Бидејќи беше на функција во која имаше и приватно и службено оружје, не смеев да кревам глас, не смеев да зборувам пред родителите, дека тешко се живее наоѓавме начин како финансиски да го потпомогнеме тоа бидејќи куќата ни беше за реновирање…., раскажа Ѓорѓиева.

Насилството, како што сподели, траело многу повеќе.

– Знаев понекогаш да спијам во кола, да се шетам по улиците на дожд, по снег со детенце во рака, но сепак со страв да проговорам за истото. Ајде да пробаме со второ дете, може ќе се промени начинот на функционирање, за жал насилството продолжуваше, беше и психички, но повеќе физички каде што ретко знаевме за вкусна храна, за добар муабет и за среќно друштво…Последната случка беше крај, кога поголемиот син ми рече „веќе ми е срам да одам на училиште преку два дена од кај баба ми и дедо ми, од кола, реши се дали сакаш да бидеш со нас или сакаш да бидеш со него“. Моментот беше уште потежок бидејќи требаше живи да изгориме, ни беа пресудни петте секунди за да излеземе од дома. Излеговме по тренерки и патики, така набрзина. Прашав во Центарот за социјално како и што треба да се прави во таа ситуација, ми рекоа бегајте што подалеку затоа што имаме оружје, не знаеме како ќе се одвива ситуацијата. Дојдовме во Скопје кај моја драга пријателка каде останавме десетина дена додека да се снајдам со работа, со стан во кој до ден денеска живееме, под кирија, работам за минимална плата. Имаме многу малку, но имаме големо срце да продолжиме напред. За жал поддршка не добив од ниедна институција по која талкав, приморана бев сама, на сопствена иницијатива да ги бришам деловите од живтотот на моите деца со одење на психотерапии, тоа доста ме чинеше, доста време траеше, но моите деца се деца за пример. Се надевам дека треба да бидеме уште погласни да го искажеме тоа јавно, а институциите да бидат нашиот грб, да имаме поголема заштита за да имаме посреќна иднина, посочи Ѓорѓиева./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ