• Latest

Дебата за субвенционирање на медиумите

June 8, 2018

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дебата за субвенционирање на медиумите

June 8, 2018 14:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дали треба да се субвенционираат медиумите? Дали треба да се субвенционират печатените медиуми? Ова се прашање на кои денеска претставници на медиумите, на Владата и на меѓународната заедница дебатираа на средбата организирана од Центарот за развој на медиуми. 

Беа изнесени повеќе ставови за субвенционирање, особено на печатените медиуми за кои постои опасност од згаснување имајќи ги предвид постојаниот технолошкиот напредок и развојот на интернет медиумите.

Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми рече дека тие немаат намера да идентификуваат или да понудат нови бизнис модели што ќе ги заменат традиционалните засновани на продажба на рекламен простор. Намерата е да се отворат прашања за тоа дали, како,  од кои средства ќе се обезбеди таквата поддршка на печатените медиуми и до кога би траело субвенционирањето.

Центарот за развој на медиуми, во рамките на своите редовни активности подготви нацрт-документ за јавни политики за прашањето на субвенционирање на медиумите и медиумската продукција. Во документот се наведува ставот на дел од експерите дека новинарството нема да може никогаш повеќе да се финансира од рекламирање, а главната причина за тоа е тоа што огласувачите забрзано се селат кон интернет. Состојбата не е поразлична ниту во Македонија, каде печатените медиуми, а во голема мера и информативните медиуми што објавуваат ексклузивно преку интернет, се соочуваат со пад на приходите од реклами, како и со се поголемо учество на социјалните мрежи и големите глобални технолошки компании, примарно Фејсбук и Гугл, во вкупните трошења на дигитално рекламирање.

Според проценките, Фејсбук и Гугл лани контролирале 1/5 од рекламите во светски рамки.

Субвенциите треба да обезбедат одредени групи граѓани да имаат пристап до медиумски содржини кои неможат на друг начин да го направат тоа. Како што беше истакнато на дебатата, има дилема дали треба да се финансира застарена технологија, дали може да се избегне губење на работни места во редакциите и дали субвениците треба да ги вратат парите од рекламите.

Асоцијацијата за печатени медиуми неодамна поднела предлог до државата за директна помош за печатените медиуми. Според Лирим Дулови уредник на весникот Коха и претставник на Асоцијацијата, тие немаат дилеми дали треба да се субвенционираат печатените медиуми.

Тие од  Владата побарале таа да покрие 50 отсто од трошоците за продажба и дистрибуција на печатените медиуми, да се обезбеди поддршка за медиумите чии изданија не се на македонски јазик, побарале даночни олеснувања за новите вработувања односно ослободување од здравствено и пензиско осигурување до три години за нови вработувања и 50 проценти намалување за постојните вработувања, да се почитуваат законската обврска огласите да се објавуваат во најмалку три весници. Дулови кажа дека тие би сакале Владата да направи проценка за тоа колку е можно да се обврзат компаниите каде Владата има свое учество како Телеком дел од рекламите да ги објавуваат во печатените медиуми. За да ги добијат овие субвенции, предлогот на Здружението е, печатените медиуми да ги имаат подмирено обврските кон државата. Дулови кажа дека тие би сакале овие решенија да бидат ставени во закон и за тоа побара експертска помош од еснафските здруженија.

Новинарот Зоран Димитровски од Фокус смета дека државата треба да направи напор да се издвојат средства за истражувачко новинарство, да се формираат тела кои би направиле проценка како тоа да се поттикне не само за печатените медиуми, туку и за другите, без да се форсираат одредени медиуми.

Сликата за паѓањето и зголемувањето на тиражите на печатените медиуми во САД и во некои земји во Западна Европа е различна. На пример, рече Димитровски, во Германија и во Австрија тиражите на некои весници се зголемени имајќи ги предвид претплатите по економската криза.

Новинарството, како што кажа, Александар Дамовски од порталот мкд.мк, е бизнис, со поголема општетсвена одговорност и затоа  треба да се создадат еднакви услови за сите. Неговата редакција која брои десет новинари три месеци во годината работи за да исплати ДДВ на државата, односно на годипшно ниво тоа за нив значи 20.000 евра. ДДВ-то треба да се намали од 18 на 5 отсто за овие медиуми, а тоа, според Дамовски ќе овозможи парите од реклами да останат таму.

Што добиваме ние од државата, праша Дамовски, додавајќи дека за интернет медиумите нема закон, нема лиценцирање.

(МИА)

Tags: дебатаМедиумисубвенционирањеЦентар за развој на медиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ