Новинарот и активист Дехран Муратов, ЦИВИЛ, во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите и да му ставиме крај на национализмот.
Национализмот и етничката омраза се како крлежите, односно, колку човекот му дозволува да биде во неговото тело, односно во неговата кожа, и да му ја цица крвта, толку повеќе му наштетува на неговиот организам. Затоа национализмот треба да се отстрани, како што треба да се отстрани крлежот.
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.