Делегацијата на ЕУ во Украина ја продолжи својата работа во Киев. „ЕУ се врати во градот“, објави Делегацијата на ЕУ на Твитер, пренесува Укринформ.
??The EU is back in town. pic.twitter.com/lVWcegVq4x
— EU in Ukraine (@EUDelegationUA) April 11, 2022
Објавена е фотографија од шефот на делегацијата на ЕУ, Мати Маасикас како го подига знамето на ЕУ пред зграда во Киев.
На 8 април, за време на неговата посета на Киев, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел го најави враќањето на Делегацијата на ЕУ во главниот град на Украина.
Д.Мишев