На денешен ден се навршуваат 14 години од руската петдневна инвазија на Грузија во 2008 година, што доведе до тоа две провинции да се отцепат, расцепувајќи ја кавкаската нација.
Ето Бузиашвили, поранешна советничка на НУК на Грузија, во Атланскиот совет и ДФР Лаб работи на дезинфо и инфлуенсерски операции, на својот Твитер налог објави серија постови со сеќавање на денот на инвазијата.
I was listening to the radio on my smartphone, because along with Russia’s advance in Georgia, Moscow was targeting Georgian government & media websites with cyberattacks. It was my first time I witnessed disinfo campaigns, which were causing chaos & panic in real life. 2/9
— Eto Buziashvili (@EtoBuziashvili) August 7, 2022
На денешен ден во 2008 година, кога набавував намирници, Русија ја нападна Грузија. Додека вестите на грузиското радио нервозно известуваа за руското бомбардирање и убивање цивили, јас веќе трчав кај моите родители, со единствена мисла да ги видам, напиша Бузиашвили на Твитер.
Слушав радио на мојот паметен телефон, бидејќи заедно со рускиот напредок во Грузија, Москва ги таргетираше веб-страниците на грузиската влада и медиумите со сајбер напади. Првпат бев сведок на кампањи за дезинфо, кои предизвикуваа хаос и паника во реалниот живот, дополни Бузиашвили.
One of the footages that haunts me till today is the video of Russian soldiers torturing Georgian military officer Giorgi Antsukhelidze. 4/9 pic.twitter.com/JL0jaNkvRz
— Eto Buziashvili (@EtoBuziashvili) August 7, 2022
Една од снимките што ме прогонува до денес е видеото на руски војници како го мачат грузискиот воен офицер Гиорги Анцухелиџе, нагласи таа.
Бузиашвили потсети дека и тогаш, некои на Запад продолжија да работат како и обично со Русија, занемарувајќи ги воените злосторства на Русија во и сајбер нападите и кампањите за дезинформација против Грузија. Поради ова, Русија беше охрабрена да ја нападне Украина во 2014 година.
Таа додава како потоа станавме сведоци на маѓепсаниот круг на занемарување на инвазијата во Украина во 2014 година и правење бизнис како и обично со Русија, што доведе до повторна инвазија на Русија на Украина во 2022 година. Причината за двапати инвазија на Украина беше иста како Грузија – насочена кон независноста и демократијата на Украина.
Тоа е последна шанса за демократскиот свет да застане во одбрана на слободата и демократијата. Тоа е последна шанса да ги запреме империјалните планови на Русија преку помагање на Украина со сите средства што можеме, вели таа.
Историјата на слободата е историја на отпорот. Никој не рече дека ќе биде лесно да ја одбраниме нашата слобода. Но, ние мораме. Ние, во Грузија и Украина, никогаш нема да се предадеме, истакна Бузиашвили во својата објава.
Д.Мишев