По синоќешната акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што беше причина за големиот застој на граничниот премин „Табановце” , денеска е проодно.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата информират од АМСМ.
Додека траеше акцијата, колони возила беа заглавени на македонско-српската граница и по неколку часа, а граѓаните револтирани на социјалните мрежи објавуваа видеа и фотографии на кои се гледаа километарските колони на граничниот премин.
Од министерството за внатрешни работи најавија повеќе детали за денеска.