• Latest

Деневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

June 7, 2020
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Деневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

June 7, 2020 19:21
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.037.144 лица. Од нив починале 403.345, а оздравеле 3.442.034 луѓе.

Белград – Во последните 24 часа, едно лице почина во Србија како резултат на коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 249. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 3.317 лица се тестирани на коронавирус, а вирусот е потврден кај 82. Бројот на активни случаи е 475. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.823 лица, а излечени се 11.056 граѓани.

Тирана – Албанското министерство за здравство и социјална заштита потврди дека се регистрирани нови 14 случаи со Ковид-19,со што вкупната бројка за заразени изнесува 1.246. Од вкупно заразените 938 се оздравени, додека 34 починале,сите боледувале и од други болести. Во последното деноноќие бројот на хоспитализираните лица во Инфективната болница се зголемил на 30, од нив шест пациенти се на интензивна терапија додека двајца се поставени на респираторна машина. Од појавата на пандемијата во оваа земја тестирани се 18.290 лица од кои 193 во изминатото деноноќие.

Њујорк – Зад Латинска Америка е уште една лоша седмица во однос на епидемијата на коронавирусот затоа што бројот на новозаболени и смртни случаи расте побрзо отколку во другите делови од светот, јави Си-Ен-Ен. Во овој регион регистрирани се речиси 1,2 милиони заразени, а починале повеќе од 60.000 луѓе. СЗО верува дека во Јужна и Централна Америка трансмисијата се уште не го достигнала врвот, а тоа значи дека бројот на заразени и починати ќе продолжи да расте.

Исламабад – Пакистан вчера пријави дека уште 97 лица починале од коронавирусот, што е најголем број на смртни случаи во еден ден. Вкупниот број на починати е 1.935, а вкупно се заразени 93.983 луѓе, 4.734 повеќе од претходниот ден.

Џакарта – Индонезија денеска пријави речиси илјада нови случаи на коронавирусот, што е нов дневен рекорд за земјата во која вкупниот број на заразени надмина 30.000. Во Индонезија со коронавирусот досега се заразени 30.514 луѓе од кои 1.801 починале.

Москва – Во Русија во последните 24 часа се регистрирани нови 8.984 пациенти заразени со коронавирусот. Повеќето од новозаразените се во Москва,. а повеќе од 85 проценти од нив се под 65 години. Во последното деноноќие починале уште 134 пациенти.

Сараево – Во последните 24 часа на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево тестирани се 212 промероци за Ковид-19, а коронавирусот е потврден кај 14 лица.

Љубљана – Во Словенија во последните 24 часа тестирани се 229 лица, а потврден е еден сличај на зараза. Вкупно се заразени 1.485 лица. Смртни случаи немало од 1 јуни.

Кабул – Во Авганистан е регистриран рекордан број на нови случаи за еден ден. Министерството за здравство пријави дека во последните 24 часа од 1.427 тестирани, позитивни биле 791 лице, со што вкупниот број на заразени надмина 20.000.

Исламабад – Бројот на починати од Ковид-19 во Пакистан денеска надмина 2.000, а потврдените случаи на зараза се доближуваат до вкупна бројка од 100.000.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ