Во Цивил Прес студио, разговараме со Денис Јанкуловски – Космонаутко, медицински техничар, кој преку неговиот активизам и позитивен дух на социјалните мрежи стана симбол за херојството на медицинските работници во борба против пандемијата со КОВИД-19.
Со популарниот Космонаутко, разговараме за тоа што го инспирира за неговиот активизам, за начинот на кој се справува со секојдневната борба со вирусот, со емотивните ситуации на вакцинален пункт или на терен каде посетува многу семејства и зема брисеви.
Го прашавме Космонаутко и што мисли за сеприсутноста на дезинформациите и омразата, како и за неговите визии за подобра иднина на земјата.
Автор на интервјуто: Петрит Сарачини
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети