ВЕСТ НА ДЕНОТ
Графата за етничка припадност во изводите не помина во Уставен поради непочитување на рокот за објава во Службен весник
Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник, и донесе времена мерка за неиздавање на овие документи.
На денешната седница во делот на јавноста присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога кој Упатството го потпишал на 29 мај, а во Службен весник е објавено на 15 јуни.
Лога по седницата изјави дека е вистина дека не е испочитуван уставниот рок од Секретаријатот за законодавство и Службен весник, но оти тоа не е направено од негова страна.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Дерала од ЦИВИЛ за Глас на Америка: Македонските демократски и евроатлантски интеграциски процеси се незамисливи без поддршката од САД
„САД се вистински пријатели на нашата земја. Нашата земја е мала, нема пристап на море, има ограничени природни и човечки ресурси, а самата географска положба, иако не е безначајна, не игра голема улога во поширок контекст. Едноставно, САД уште одамна, а особено по осамостојувањето од СФРЈ во 1991 година, носи одлука да ѝ помогне на малата и млада македонска држава да се формира и да опстане. Бројни се придобивките од пријателството што го негува САД кон Северна Македонија“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, за Глас на Америка, по повод 4 јули, Денот на независност на САД
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Парламентарното собрание на ОБСЕ ја призна Руската Федерација како држава спонзор на тероризмот, а ПВЦ на Вагнер како терористичка организација, објави ова на Фејсбук Евхенија Кравчук, член на украинската делегација во ПС на ОБСЕ, и заменик-шеф на фракцијата Слуга на народот во Врховната Рада.
*
Руската новинарка Елена Милашина и адвокатот кои беа претепани во јужна Чеченија се префрлени во болница во Москва, изјави денеска поранешниот директор на затвореното московско радио.
*
Украинските сили продолжија со контраофанзивните операции на најмалку четири сектори од фронтот и остварија понатамошен напредок, стои во извештајот на Институтот за изучување на војната (ISW) за состојбата на фронтот на 4 јули.
ФЛЕШ ВЕСТИ
КРИЈУМЧАРЕЊЕ Поднесена е кривична пријава за 21 лице од кои 20 физички и едно правно лице од страна на Јавното обвинителство – Скопје во истрага за 15 возила криумчарени од западно европските земји со вкупна вредност од 500 до 600 илјади евра.
СУДСКИ СОВЕТ Тројца кандидати за двете испразнети места во Судскиот совет, изборите закажани на 13 јули.
ПОДДРШКА Предлог-одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија од страна на ЕУ ќе се најде на дневниот ред на седницата на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), што започнува денеска.
ЗЕЛЕНИ Северна Македонија постави нов рекорд во лиценцирање на електрани за обновливи извори на енергија.
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Министерката за култура и потпретседателка на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска очекува Предлог-законот за македонски јазик да биде изгласан во најразумно време.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: Средба Рама –Курти ќе има само ако се одржи откажаната седница на двете влади; КФОР негира дека Србија шверцува оружје во Косово; „Отворен Балкан“ – за и против
АНАЛИЗА
„Ако позицијата на Франција не е од корист ниту за Западот, ниту за Украина, кој ја користи таквата политика на Макрон? Примарни корисници се Русија и Иран.
Во аналитичкиот извештај за романското издание на Њусвик се наведува дека Москва сака да си обезбеди лост со притисок врз Баку, ќе ги ангажира ерменските сепаратисти во Карабах, кој дури и премиерот на Ерменија го призна како суверена територија на Азербејџан. Москва и Техеран ја сметаат сепаратистичката енклава во Карабах како „прекинувач за убивање“ за снабдување со азербејџански енергетски ресурси во ЕУ, објаснува Бегин-Садат Центарот, еден од водечките израелски тинк-тенкови.“, се наведува во анализата „Зошто Макрон се спротивставува на интересите на ЕУ и го поддржува рускиот сепаратизам?“, од Драган Мишев.
Д. Тахири












