• Latest

Предлогот на ЕК за макрофинансиска помош за Северна Македонија на седница на КОРЕПЕР

July 5, 2023
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предлогот на ЕК за макрофинансиска помош за Северна Македонија на седница на КОРЕПЕР

July 5, 2023 09:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија од страна на ЕУ ќе се најде на дневниот ред на седницата на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), што започнува денеска.

Со Предлог-одлуката, усвоена од страна на Европската комисија на 6 февруари годинава, се предвидува обезбедување макрофинансиска помош за земјава во износ до 100 милиони евра, за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Предлогот-одлуката на Европската комисија на 13 јуни беше одобрена од Европскиот парламент во прво читање, по што сега му се предлага на КОРЕПЕР да ја одобри.

– Исходот од гласањето во Европскиот парламент го одразува постигнатиот договор меѓу институциите за прифаќање на предлогот на Комисијата и затоа треба да биде одобрен. Затоа, од Комитетот на постојаните претставници се бара да ја потврди својата согласност и да му предложи на Советот да ја одобри позицијата на Европскиот парламент, се наведува во предлог-иницијативата што треба да биде разгледана на денешното заседание на КОРЕПЕР.

За одлуката да биде конечно усвоена, таа треба да биде одобрена од Советот на ЕУ, по што ќе стапи во сила откако ќе биде потпишана на претседателите на Европскиот парламент и на Советот и објавена во Службениот весник на Европската Унија.

Како што се посочува во текстот на Предлогот, со ваквата одлука Европската комисија „застанува покрај Северна Македонија во овие предизвикувачки времиња, бидејќи по руската агресивна војна против Украина, надворешниот биланс на земјата се влоши поради нејзината голема зависност од увоз на гориво и електрична енергија.

– Предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи. Предлогот е придружен од 24-месечната програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 530 милиони евра.

Предвидено е помошта да биде исплатена во форма на заеми во две транши, но нивната исплата ќе зависи од реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупцијата, како и од спроведувањето на програмата на ММФ.

– Овие реформи ќе ја поддржат Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, се додава во предлогот на Еврокомисијата, при што се посочува дека „Северна Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ, која формално ги отвори пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година“.

Макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ за поддршка на земјите кандидати за членство и партнерите од соседството, предвидена како исклучителен инструмент за одговор на кризи при сериозни проблеми со платниот биланс.

Во април 2020 година Еврокомисијата усвои предлог-пакет за макрофинансиска помош во износ од 3 милијарди евра наменета за 10 земји кандидати за членство и партнери од соседството наменети за ограничување на економските последици од ковид пандемијата. Одлуката беше усвоена од Европскиот парламент и Советот на ЕУ во мај истата година.

Како дел од овој пакет, ЕУ и додели макрофинансиска помош на земјава во износ од 160 милиони евра. Првата транша од 80 милиони евра беше исплатена во октомври 2020 година, а втората, исто така во износ од 80 милиони евра, во јуни 2021 година, по позитивната оценка од Европската комисија за напредокот постигнат во однос на исполнувањето на условите поврзани со оваа помош.

Tags: ЕУКОРЕПЕР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ