ВЕСТ НА ДЕНОТ
Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ (ЈОРСМ) денеска врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во Основното јавно обвинителство Струга и Вишо јавно обвинителство ЈО Битола, информираа од ЈОРСМ.
Во меѓувреме Мерко соопшти дека ќе биде отворен за соработка за секој процес пред правосудните органи и дека општината и тој ќе ја достават навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација. Мерко дополнително изјави дека во интерес на процесот, ја замрзнал секоја активност во партиските структури.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиниот пристап во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За ова дефинитивно е неопходна добра соработка и регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизација, за да може да се спроведе процесот на пристапување. Но, билатералните прашања нема да бидат обврзувачки и нема да го одредуваат процесот на пристапување“, истакна Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ.
ВОЈНА ПРТИВ УКРАИНА
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека синоќа телефонски разговарал со неговиот американски колега Џозеф Бајден за саботниот бунт на руската паравоена група „Вагнер“ во Русија.
*
Украинската војска ги користи искуствата од првите две недели од нивната контраофанзива за да ја усоврши тактиката и постигнува сигурен напредок во сите клучни области – повеќе во анализата на Драган Мишев „Од почетокот на контраофанзивата украинските сили деокупираа 130 квадратни километри на југ, напредуваат од 1 до 2 километри во повеќе насоки“
ВОЈНА ВО РУСИЈА
Рускиот ултранационалистички информативен простор на 25 јуни се распадна меѓу оние кои сакаат да го заобиколат и заборават бунтот и оние кои бараат решенија за внатрешните безбедносни пропусти што ги разоткри вооружениот бунт на платеничката парамилиантна група Вагнер предводена од нејзиниот основач, Евгениј Пригожин, стои во извештајот на Институтот за изучување на војната…
ФЛЕШ ВЕСТИ
РЕАКЦИЈА МНР на Северна Македонија излезе со реакција на „ВМРО – ДПМНЕ стана фабрика за лажни вести“, по пресот на Драган Ковачки, од ВМРО-ДПМНЕ, за внукот на Али Ахмети, Бесиан Ахмети, назначен за прв секретар, кој според нив не ги исполувал условите за назначување на таа фукција.
ПРЕПОРАКА Комисијата за спречување и заштита од дискриминација препорачува Јаков Стобиски јавно да се извини за говорот при неговите јавни настапи со кои е извршено вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
ПРОПАГАНДА
„Руската пропаганда во албанските медиуми во регионот се шири преку изјавите на српските политичари. Русија има неколку портали кои преведуваат на српски јазик. Како најважни извори на руската пропаганда се издвојуваат Спутник, „Russia Today“ и „Russia Beyond“. Оваа пропаганда, ја преземаат и дистрибуираат понатаму десничарските таблоиди и портали, се вели во истражувањето на Центарот за проверка на факти „Фактоје“ од Албанија, за ширењето дезинформации на Западен Балкан, се вели во анализата на Дестан Јонузи „Руската пропаганда меѓу Албанците: Континуирана поларизација и дестабилизација“
ИНТЕРВЈУ
СЛОБОДНА ЗОНА
„Нападот на Мицкоски против мене има карактер на лична пресметка, но не е само тоа. Целта е да се дискредитираат и заплашат неистомислениците, а особено носителите на прогресивните идеи и ставови. Не е случајна оваа негова операција и ни оддалеку не ги отсликува само неговите лични потреби за одмазда. Очекувам сериозно да се разгледа овој случај и да се спречи Мицкоски во остварувањето на неговите валкани цели насочени против слободата на говорот и демократијата“, пишува Џабир Дерала во „Кој тоа ги крши човековите права на шефот на ВМРО-ДПМНЕ?“.
Во рубриката СЛОБОДНА ЗОНА за говорот на омраза пишува Тони Поповски во „Секој говор на омраза истовремено е себедеградација“, Никица Корубин пишува за ЕУ интеграциите во „Без ракавици“, за прогресивните сили во Македонија пишува Ана Чупеска во „Недовршена eманципација“, за ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, пишува Љубиша Николовски во колумната „Пратеници или „горди послушници“!“.
Подготви: Б. Јордановска