• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Конференција за економската и еколошката димензија на ОБСЕ во Струга; важно е државата да исчекори напред; повторно тензии на северот на Косово

June 14, 2023

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025
Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025
Марта Кос (Фотографија: Скриншот од видео МИА)

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Конференција за економската и еколошката димензија на ОБСЕ во Струга; важно е државата да исчекори напред; повторно тензии на северот на Косово

June 14, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Во Струга меѓународна конференција посветена на економската и еколошката димензија на ОБСЕ

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, во Струга денеска ќе се одржи меѓународна конференција посветена на економската и еколошката димензија на Организацијата, како една во низата меѓународни конференции планирани да се одржат до крајот на годината.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Прво ќе видиме како ќе заврши целиот процес на уставните измени. За мене е многу важно државата да исчекори напред, да ги отвориме перспективите за граѓаните, пред се за младите луѓе, да покажеме дека одговорноста како политичари. Така што, воопшто не размислувам за мое лични позиции. Тоа не е важно. Важна е нашата држава и важни се граѓаните, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА Во Собрание не помина предлогот за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови на пациенти со цистична фиброза над 26 години. Како што биле информирани попладнево членови на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациентите биле ослободени од партиципација уште во 2019 година.

НАТО Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа како дел од подготовките за самитот на Алијансата што ќе се одржи во јули во Вилнус.

ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ Работна група наскоро ќе почне да работи на закон за медиуми, кој ќе создаде правна рамка за порталите и електронските медиумите во земјата, со што ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, при отчетот за првите 100 дена од работата на неговиот кабинет.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Екстремните временски услови во Европа убија речиси 195.000 луѓе и предизвикаа економски загуби од повеќе од 560 милијарди евра од 1980 година, објави денеска Европската агенција за животна средина.

РЕГИОН Османи денеска на медиумската конференција одржана по нејзиното обраќање во Европскиот парламент истакна дека Косово е на вистинскиот пат да ја надмине ситуацијата создадена на северот на земјата.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Украинските сили продолжија со контраофанзивните операции во најмалку три правци и остварија дополнителни ограничени територијални придобивки на 13 јуни, објави во својот извештај Институтот  за изучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон.

АЛ-ПРЕС

Традиционалната меѓувладина седница помеѓу Албанија и Косово, што требаше да се одржи денеска во косовскиот град Ѓаковица, е откажана по несогласувањето на двајцата премиери околу форматот, а на северот на Косово повторно тензии, односно, нападнати се полицајци и медиумска екипа.

Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот во денешното издание на АЛ-ПРЕС.

МУЛТИКУЛТУРА

Конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ се одржа во Скопје, хотел Парк Резиденс, на 16 мај 2023.

ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

Како учесници на конференцијата на ЦИВИЛ „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ во втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан – Регионални искуства“, Истрефи, Агатоновиќ, Бехариќ и Берлајоли укажаа на предизвиците, но и придобивките што досега ги искусиле применуваќи ги начелата и принципите на циркуларна економија.

СЛОБОДНА ЗОНА

Кажано во една реченица човекот од ДПМНЕ кој е веќе во некаков свој премиерски филм, а тој филм ќе го гледа никогаш, го тужи Џабир и преку него го тужи и Цивил и тука ептен се зезнал зашто погледнато пошироко, тој ги тужи слободата, еднаквоста и гласноста, ги тужи правото, правдата, цивилните и цивилизациските вредности, ги тужи љубовта, емпатијата и космополитизмот, ги тужи овие и ваквите вредности всадени во секоја клетка на Тужениот и, всушност, Тужителот ја тужи демократијата – нè тужи Нас!!, пишува Зоран Иванов во „Тужителот нè тужи нас“

 

Во оваа партија отсекогаш доаѓале на власт со ветувањето кон своите огнени гласачи или подобро – навивачи – дека им е доста од коалицирање со некоја од тогаш моќните албански партии во македонскиот политички пејзаж. Потоа сѐ се менуваше – откако ќе се добереа до власта, одржувањето на кормилото беше дел од класичната поделба на ресорите, моќта и политичката иднина со својот архинепријател. На грамофонот на политичката реторика се ставаше плочата на „Б“ страната. Сега, плочата на политичките стереотипи пак стои на страната „А“, ама брзо стана – погрешната!, пишува Љубомир Костовски во колумната „Антиалбанството, стара мантра во стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ„

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АЛ-ПРЕСВестиВојна во УкраинаизјаваМултикултурациркуларна економија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ