ВЕСТ НА ДЕНОТ
Одложена седница на Судскиот совет за избор на наследник на разрешената претседателка Весна Дамева
Одложена е денешната седница на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева.
– Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека 439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) во 11:00 часот се одлага. За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение, стои во денешното соопштение од Судски совет.
Причината за одложувањето засега е непозната.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Маричиќ: Досега нема проширување на сетот прашања за уставните измени
„Динамиката во работната група за уставните измени треба да ја споделат колегите кои се таму, но она што знам е дека до сега нема тема со која се шири сетот на прашања, кои се разговараат за уставни измени. Колку постриктно се држиме до обврските од преговарачката рамка, тоа подобро“, изјави денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, по почетокот на информативната кампања за ИПАРД 3 програмата.
ФЛЕШ ВЕСТИ
АВТОПАТ Со изградбата на Коридорите 8 и 10, земјава освен со пристаништето во Солун, конечно ќе биде поврзана со уште две пристаништа – во Драч и Бургас и ќе стане крстосница на Балканот.
ДИПЛОМАТИЈА Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу-Халили синоќа на Меѓународниот аеродром – Скопје ја пречека шведската делегација предводена од министерката за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал, информираат од СЕП.
ЕКОНОМИЈА Македонија прва во регионот започнува со ИПАРД 3 програмата.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска телефонски разговарал со шефот на дипломатијата на Украина, Дмитро Кулеба.
Османи го информирал Кулеба за одлуката Северна Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.
*
Генерал-полковник Олександр Сирскиј, командант на украинските копнени сили, објави на Телеграм дека Бахмут стои благодарение на посветеноста и професионалноста на украинската војска, пренесува Укринформ.
*
Центарот за стратешка комуникација и информациска безбедност ги анализираше публикациите на локалните онлајн медиуми во земјите од балканскиот регион врз основа на мониторингот спроведен од украинскиот социјален стартап LetsData во периодот јануари-февруари 2023 година за да го дознае нивото на влијание на руската пропаганда во проучуваните земји.
*
Русија треба да биде принудена да направи „кримски гест на добра волја“, изјави Андриј Чернијак, претставник на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина за информативниот сајт Армијаинформ, пренесува Укринформ, повикувајќи се на веб-страницата на агенцијата.
ГОВОР НА ОМРАЗА
Директорот на ТВ Алфа, Бојаџи со експлицитен говор на омраза и повик за линч на неистомислениците
„Умноболни“, „ѕверови“, „крвници“, „човечки изроди“, „исфрустрирани ко…иња“, „ѓаволска сила“, „лажговци“ и „болно семе“… се само дел од експлицитниот говор на омраза на директорот на ТВ Алфа, режисер и универзитетски професор, Јани Бојаџи, кој во колумната објавена во Нова Македонија со наслов „Да не се лажеме, јас не простувам“, повикува на реваншизам и линч на политичките неистомисленици и се закани дека ќе ги расплакал мајките, сестрите и жените на членовите на владејачката структура во државата.
МУЛТИКУЛТУРА
Претставници на ЦИВИЛ денеска се сретнаа со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, и му го претставија проектот „Заедно за подобра иднина“ кој се спроведува со поддршка од МНР на Луксембург. Со градоначалникот меѓу другото се разговараше и се договорија заеднички активности за поддршка и промоција на мултикултурата и европските вредности во локалните заедници.
АНАЛИЗИ
„Пораките за украинската армија, кои беа забележани во земјите од балканскиот регион, се фокусираа на нејзината наводна „борбена неспособност“. На пример, „украинската армија е во голема неволја: нејзината борбена способност одеднаш падна“, „украинските војници се чувствуваат напуштено“ и „нискиот морал на украинската армија покажува дека армијата е исцрпена и не може да спроведе офанзивни дејства“.
Покрај тоа, продолжи ширењето на пораките за „украинската армија како закана за цивилното население“, како што се: „Украинската армија гранатира градови во Доњецката област – цивили умираат“.“, извадок од анализата “Руската пропаганда на Балканот: Про-Кремљ наративи во локалните онлајн медиуми“.
Д. Тахири