• Latest

ЦИВИЛ-ите на средба со градоначалникот на Општина Чаир за проектот „Заедно за подобра иднина“; Ганиу со целосна поддршка на активностите

May 2, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ-ите на средба со градоначалникот на Општина Чаир за проектот „Заедно за подобра иднина“; Ганиу со целосна поддршка на активностите

May 2, 2023 16:11
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претставниците на ЦИВИЛ денеска се сретнаа со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, и му го претставија проектот „Заедно за подобра иднина“ кој се спроведува со поддршка од МНР на Луксембург. Со градоначалникот, меѓу другото, се постигна согласност да се преземат заеднички активности за поддршка и промоција на мултикултурата и европските вредности во локалните заедници.

Во месец мај, ЦИВИЛ ќе одржи конференција за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности во нашето општество. На тој настан се поканети високи претставнички и претставници на највисоките државни институции, локалната самоуправа, бизнис заедницата, образовните установи, граѓанските организации, етнички и верски заедници и други лидери во заедниците.

Во септември, според првичните договори, заедно со градоначалникот и локалните институции во Чаир, ќе биде распишан конкурс за ликовни творби на тема мултикултурализам во основните училишта.

За време на средбата, градоначалникот Ганиу истакна дека Општина Чаир постојано инвестира во јакнење и промоција на мултикултурализмот. Тој кажа дека е посветен на постојано градење на доверба и добри односи и почитување меѓу заедниците кои живеат во оваа мултиетничка и мултиконфесионална општина.

Градоначалникот Ганиу изрази недвосмислена и целосна поддршка на активностите на ЦИВИЛ и посочи дека и лично и заедно со својот тим ќе се заложи за успех на договорените заеднички активности.

Средбата со градоначалникот на општина Гостивар, како и онаа во Куманово,  Штип, и скопската општина Центар, Чаир и во други општини во Скопје и низ земјата, се дел од серијата средби на ЦИВИЛ со носителите на одлуки на локално ниво.

Д. Тахири

Tags: Заедно за подобра иднинамултикултурализамОпштина ЧаирЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ