• Latest
Иван Јорданов, градоначалник на Штип (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Градоначалникот на Штип, Јорданов, на средба со ЦИВИЛ: Нема дилеми за поддршка на мултикултурата и европските вредности

April 10, 2023

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Градоначалникот на Штип, Јорданов, на средба со ЦИВИЛ: Нема дилеми за поддршка на мултикултурата и европските вредности

April 10, 2023 17:03
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Иван Јорданов, градоначалник на Штип (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Иван Јорданов, градоначалник на Штип (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

За градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, нема дилеми дека треба целосно да се поддржат активностите поврзани со мултикултурата и европските вредности, став кој беше недвосмислено изнесен на средбата со претставниците на ЦИВИЛ, кои му го претставија проектот „Заедно за подобра иднина“ во чии рамки заеднички ќе спроведат најмалку две активности во Штип до крајот на годината.

Средба на ЦИВИЛ со Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, 10 април 2023, проект: „Заедно за подобра иднина“, посветен на мултикултурата и европските вредности (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

„Го подджувам секој чекор за соработка во насока на развојот на мултикултурата и европските вредности“, рече Јорданов за време на средбата, „Од прва ми се допаднаа идеите на проектот.“

Како што е вообичаено, по средбата, ЦИВИЛ објави кратка изјава во живо на социјалните мрежи.

„Денеска во Штип, ЦИВИЛ беше на средба со градоначалникот Иван Јорданов, на која разговаравме за заеднички активности во рамките на проектот ‘Заедно за подобра иднина’, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург“, изјави Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала веднаш по завршувањето на средбата.

Дерала информираше дека со Јорданов се зборуваше за заедничко организирање на настан „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“, на кој ќе се дискутира за мултикултуралимот и европските вредности, како и за распишување награден конкурс за ликовни творби во основните училишта во Штип, на темите поврзани со проектот. „Граѓанските дијалози“ се очекува да се одржат до крајот на првата половина, додека конкурсот и доделувањето на наградите се предвидени за втората половина од оваа година.

Средба на претсдателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

„Во втората половина на оваа година во Штип ќе се распише конкурс за ликовни творби за учениците од основните училишта кои ќе творат на тема мултукултура. Со покровителство на Општината ќе формираме и награден фонд за учесниците на конкурсот“, објасни Дерала во изјавата во живо, по средбата со градоначалникот Јорданов.

Средбата со градоначалникот на Штип, како и онаа во Куманово, се дел од серијата средби на ЦИВИЛ со градоначалници.

На јавниот настан „Граѓански дијалози“ ќе бидат поканети и претставнички и претставници на локалните институции на власта, бизнис заедницата, образовните установи, граѓанските организации и други форми на граѓанско здружување, етнички и верски заедници и други лидери во заедниците.

Б. Јордановска

Tags: Заедно за подобра иднинаИван ЈордановсредбаЦивилЏабир ДералаШтип
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ