• Latest
Средба на ЦИВИЛ со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Градоначалникот на Центар, Герасимовски, на средба со ЦИВИЛ: Ја имате нашата поддршка во интерес на сите граѓани, за мултикултурализам и европски вредности

April 12, 2023
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Градоначалникот на Центар, Герасимовски, на средба со ЦИВИЛ: Ја имате нашата поддршка во интерес на сите граѓани, за мултикултурализам и европски вредности

April 12, 2023 15:33
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗЈАВИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ТОП 5
Средба на ЦИВИЛ со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Средба на ЦИВИЛ со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изрази силна поддршка и интерес за соработка и заеднички активности со ЦИВИЛ како дел од активностите во проектот „Заедно за подобра иднина“, посветен на мултикултурализмот и европските вредности.

„Ние ги поддржуваме сите активности во интерес на сите граѓани“, рече градоначалникот Герасимовски, „подготвени сме да учествуваме во активностите што ги предлагате, во насока на мултикултурализмот и европските вредности. Ја имате нашата поддршка.“

Градоначалникот Герасимовски, како и секретарот на општината, Георги Трајчев, укажаа на специфичното значење на општина Центар и ги поздравија напорите на ЦИВИЛ да придонесат кон идентификување на предизвиците, но уште повеќе кон нивното надминување и отворање на перспективите на мултикултурното општество во кое се негуваат европските вредности.

„Претставници на ЦИВИЛ денеска беа на средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Во оваа прилика добивме силна поддршка од Општината и градоначалникот Герасимовски. Се подготвуваме да започнеме заеднички активности во рамките на проектот ‘Заедно за подобра иднина’, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала по завршување на средбата.

Средба на ЦИВИЛ со Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, 12 април 2023, проект: „Заедно за подобра иднина“, посветен на мултикултурата и европските вредности (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Дерала информираше дека со Герасимовски начелно е договорено организирање настан „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“, на кој ќе се дискутира за мултикултурализмот и европските вредности, а подоцна, со почетокот на учебната година во септември, за распишување награден конкурс за ликовни творби во основните училишта во Центар.

Досегашните средби со градоначалниците на Куманово, Штип и Општина Центар се дел од серијата средби на ЦИВИЛ со градоначалници. Следната средба се одржува в петок, во Гостивар, со градоначалникот Арбен Таравари.

Б. Јордановска

Tags: Герасимовскиевропски вредностимултикултурализамопштина центар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ