• Latest

Денови на опасно живеење во нашата земја: Прободен ученик, запалени автомобили, престрелки, убиства…

September 18, 2024
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Денови на опасно живеење во нашата земја: Прободен ученик, запалени автомобили, престрелки, убиства…

September 18, 2024 11:17
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Нов вознемирувачки случај на насилство меѓу малолетници – во близина на скопско училиште вчера попладне група тинејџери нападнале момче, кое во нападот било претепано и прободено со нож, по што било пренесено во Клиничкиот центар, каде му е укажана лекарска помош.

-На (17.09.2024) пријавено е дека во близина на училиште во Скопје малолетник од Скопје бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за ТВ21.

Дали се (не)безбедни учениците во и надвор од училиштата? МВР ја гарантира сигурноста и безбедноста

Сведоци сме дека учениците се опремуваа(т) и со ладно оружје (ножеви, боксирачи, пендраци…) кое им е лесно достапно буквално на тезга на Бит-пазар, on-line и од специјализирани продавници како што е Camuflage.

Од Министерството за внатрешни работи за ЦивилМедиа велат дека во рамки на своите со закони пропишани надлежности, особено пред почетокот на секоја учебна година се носат посебни оперативни планови со мерки и активности што стриктно се однесуваат за сигурноста и безбедноста на училиштата и просторите во и околу истите.

На прашањето дали МВР има соработка со училиштата за превенција и едукација за (не)поседување на ладно оружје?, од МВР потенцираат дека полицијата, придржувајќи се на концептот community policing (полицијата како сервис на граѓаните) е со години наназад во тесна сорработка не само со надлежните во училиштата туку и со надлежните во локалните заедници.

Според МВР, постојано се прават конкретни проекти, програми и кампањи, вклучително и во делот на превенција и рана детекција од разни видови социо-девијатни однесувања кај учениците. Оттаму го истакнуваат долгорочниот проект „Безбедност во училиштата“ што во соработка со училиштата го спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје.

Сепак, на ова прашање што го постави ЦИВИЛ минатата недела, граѓаните имаат поделени мислења, но повеќето велат дека не само младите, туку генерално никој не се чувствува безбедно.

МОН за ЦИВИЛ: За безбедноста на учениците ќе има зголемување на полициски патроли околу училишните објекти и на локациите каде има поголема раздвиженост на ученици

Од Министерството за образование и наука (МОН) за ЦИВИЛ Медиа велат дека заедно со Министерството за внатрешни работи, локалните самоуправи и бројни меѓународни партнерски организации како УНИЦЕФ, ОБСЕ итн, постојано работат на подигнување на нивото на безбедност во училиштата.

„Согласно програмата за работа на Владата се планира зголемување на патролите околу училишните објекти и на локациите каде има поголема раздвиженост на ученици, како и спроведување на едукативни кампањи за спречување на меѓуврсничко насилство“, велат од МОН за ЦИВИЛ Медиа.

Од МОН повикуваат дека секоја конструктивна идеја е добредојдена и може да помогне во остварувањето на целта – училиштата да бидат хармонични средини за престој, едукација и создавање на генерации со вистински вредности.

Престрелки, убиства, запалени автомобили: Денови на опасно живеење во нашата земја

Додека власта речиси секој ден највува сигурност и безбедност на граѓаните и решителна бoрба против (организираниот) криминал и дека кримиминалците ќе се најдат зад решетки, всушност, безбедносната состојба е сосема различна и повеќе од алармантна. За само два месеца имаме десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други. Уште поалармантна е состојбата со убиствата или обидите за убиства во Северна Македонија.

Септември

Случај 1: На 3 септември е запалено аудито на екс-началникот на ОВР Струга, Дритон Ајро, инаку брат на обвинителот Артан Ајро.

Случај 2: На 14 септември во скопската населба Ѓорче Петров запалено е возило марка Голф. Како што пренесува 24инфо.мк возилото е во сопственост на инспектор во единицата за недозволена трговија, при МВР.

Случај 3: Исто така на 14 септември беше запалено возило „ауди а7“ во Општина Кисела Вода. Покрај аудито, изгорени се и две други околни возила. Според информации кои ги доби Мета.мк, возилото е во сопственост на суспендиран полициски службеник од Куманово.

Случај 4: На 09 септември во СВР Скопје, С.Р. (46) од село Бардовци, скопско, пријавил дека околу 04:00 часот настанал пожар на неговото патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски таблички.

Случај 5: На 14 септември во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово. З.К. претходно и телефонски му упатувал закани на сограѓанинот. З.К. е задржан во полициската станица Валандово, извршен е претрес во неговиот дом и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Гевгелија, се вели во полицискиот извештај.

Август

Случај 6: На 29 август во ОВР Виница М.Ѓ.(36) од Виница пријавил дека во Виница било опожарено неговото патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки. Запалено возило е на полициски инспектор.

Случај 7: На 20 август е запалено возилото „форд фиеста“ на командир во битолскиот затвор.

Случај 8: На 9 август во населбата Ѓорче Петров бил запален мерцедесот на Драган Митковски кој е еден од најблиските соработници на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски на последните избори дури беше и носител на листа од редовите на нејзината партија.

Случај 9: На 20 август во СВР Куманово било пријавено дека во село Лојане, липковско, настанал пожар во паркирано патничко моторно возило БМВ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(21) од село Лојане.

Зачестени престрелки и убиства

Завчера, на граничниот премин Табановце, полицијата уапси лице од Кочани кој се обиде да избега од државата откако претходно прободел со нож негов сограѓанин додека седеле во автомобил заради купопродажба на мобилен телефон.

Пред 5 дена во Кавадарци – ќерката со чекан се обидела да ја убие мајка си.

Тоа се само два од повеќето случаи во септември.

Во краток период, има повеќе убиства и обиди за убиство со огнено оружје и за жал ниту еден случај нема целосна разрешница. И додека граѓаните се чувствуваат незаштитени и небезбедни, Владата предводена од Христијан Мицкоски реши да ја врати заштитната ограда на Никола Груевски. Дали тој потег е за поголема безбедност на владините претставници или е само дефокус од реалните проблеми?, стои во анализата „Убиства, насилство, тепачки и – оградата на Владата на „нашата земја“, објавена на 17 јули 2024 година, во која се набројани сите случаи на убиство во време на актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, како и во времето на екс-министерот Оливер Спасовски од СДСМ.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ