• Latest

Престрелки, убиства, запалени автомобили: Денови на опасно живеење во нашата земја

September 17, 2024

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Престрелки, убиства, запалени автомобили: Денови на опасно живеење во нашата земја

Колку се безбезбедни граѓаните кога се палат автомобили на високи полициски службеници, се пука и се убива среде бел ден, а затворите се место за прошетка?

September 17, 2024 10:26
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Додека власта речиси секој ден највува сигурност и безбедност на граѓаните и решителна бoрба против (организираниот) криминал и дека кримиминалците ќе се најдат зад решетки, всушност, состојбата е сосема различна и повеќе од алармантна. За само два месеца имаме десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други. Уште поалармантна е состојбата со убиствата или обидите за убиства во Северна Македонија.

Септември

Случај 1: На 3 септември е запалено аудито на екс-началникот на ОВР Струга, Дритон Ајро, инаку брат на обвинителот Артан Ајро.

Случај 2: На 14 септември во скопската населба Ѓорче Петров запалено е возило марка Голф. Како што пренесува 24инфо.мк возилото е во сопственост на инспектор во единицата за недозволена трговија, при МВР.

Случај 3: Исто така на 14 септември беше запалено возило „ауди а7“ во Општина Кисела Вода. Покрај аудито, изгорени се и две други околни возила. Според информации кои ги доби Мета.мк, возилото е во сопственост на суспендиран полициски службеник од Куманово.

Случај 4: На 09 септември во СВР Скопје, С.Р. (46) од село Бардовци, скопско, пријавил дека околу 04:00 часот настанал пожар на неговото патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски таблички.

Случај 5: На 14 септември во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово. З.К. претходно и телефонски му упатувал закани на сограѓанинот. З.К. е задржан во полициската станица Валандово, извршен е претрес во неговиот дом и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Гевгелија, се вели во полицискиот извештај.

Август

Случај 6: На 29 август во ОВР Виница М.Ѓ.(36) од Виница пријавил дека во Виница било опожарено неговото патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки. Запалено возило е на полициски инспектор.

Случај 7: На 20 август е запалено возилото „форд фиеста“ на командир во битолскиот затвор.

Случај 8: На 9 август во населбата Ѓорче Петров бил запален мерцедесот на Драган Митковски кој е еден од најблиските соработници на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски на последните избори дури беше и носител на листа од редовите на нејзината партија.

Случај 9: На 20 август во СВР Куманово било пријавено дека во село Лојане, липковско, настанал пожар во паркирано патничко моторно возило БМВ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(21) од село Лојане.

Зачестени престрелки и убиства

Завчера, на граничниот премин Табановце, полицијата уапси лице од Кочани кој се обиде да избега од државата откако претходно прободел со нож негов сограѓанин додека седеле во автомобил заради купопродажба на мобилен телефон.

Пред 5 дена во Кавадарци – ќерката со чекан се обидела да ја убие мајка си.

Тоа се само два од повеќето случаи во септември.

Во краток период, има повеќе убиства и обиди за убиство со огнено оружје и за жал ниту еден случај нема целосна разрешница. И додека граѓаните се чувствуваат незаштитени и небезбедни, Владата предводена од Христијан Мицкоски реши да ја врати заштитната ограда на Никола Груевски. Дали тој потег е за поголема безбедност на владините претставници или е само дефокус од реалните проблеми?, стои во анализата „Убиства, насилство, тепачки и – оградата на Владата на „нашата земја“, објавена на 17 јули 2024 година, во која се набројани сите случаи на убиство во време на актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, како и во времето на екс-министерот Оливер Спасовски од СДСМ.

Дали се (не)безбедни учениците во и надвор од училиштата? МВР ја гарантира сигурноста и безбедноста

Од Министерството за внатрешни работи за ЦивилМедиа велат дека во рамки на своите со закони пропишани надлежности, особено пред почетокот на секоја учебна година се носат посебни оперативни планови со мерки и активности што стриктно се однесуваат за сигурноста и безбедноста на училиштата и просторите во и околу истите.

На прашањето дали МВР има соработка со училиштата за превенција и едукација за (не)поседување на ладно оружје?, од МВР потенцираат дека полицијата, придржувајќи се на концептот community policing (полицијата како сервис на граѓаните) е со години наназад во тесна сорработка не само со надлежните во училиштата туку и со надлежните во локалните заедници.

Според МВР, постојано се прават конкретни проекти, програми и кампањи, вклучително и во делот на превенција и рана детекција од разни видови социо-девијатни однесувања кај учениците. Оттаму го истакнуваат долгорочниот проект „Безбедност во училиштата“ што во соработка со училиштата го спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје.

Сепак, на ова прашање што го постави ЦИВИЛ минатата недела, граѓаните имаат поделени мислења, но повеќето велат дека не само младите, туку генерално никој не се чувствува безбедно.

Дехран Муратов

Tags: безбедностзапалени автомобилиполицијапрестрелкиубистваУченици
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ