• Latest

Дерала: Деструктивните тенденции произлегуваат од политичките, криминалните и бизнис центрите на моќ

September 15, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Деструктивните тенденции произлегуваат од политичките, криминалните и бизнис центрите на моќ

September 15, 2018 11:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дерала, ЦИВИЛ: Периодот пред референдумот кој ни претстои на 30 септември, мислам дека на површина донесе многу грди состојби на општеството. Грди состојби на она што се нарекува недоволно развиена граѓанска свест. Во нашата работа како луѓе кои се занимаваат со човекови права и слободи овој период е навистина голем предизвик. Да се соберат сите можни аспекти на деструктивните тенденции кои ги наметнува национализмот во јавниот дискурс. Сметам дека за да го најдеме лекот за оваа деструктивна димензија на општествено и политичко дејствување мораме да го знаеме коренот за тоа. А коренот се наоѓа токму во политичките центри на моќта, кои имаат многу сериозна спрега со криминалните и со бизнис центрите на моќта во земјата.

Тоа како што видовме и посведочивме се политички центри коишто се залагаат за тесниот интерес на една мала група луѓе кои се обидуваат да ја одбегнат одговорноста за криминалните постапки, за криминалните дела во непосредното минато. Тоа е едната ствар.

Понатаму, ова е процес којшто е силно индоктриниран од страна на меѓународни центри на моќ кои се противат на нашиот од кон Европа, од кон евро-атлантските интеграции. Тие вложија, навистина, не мали ресурси за да го прекинат овој наш навистина извонреден напредок. За прв пат во три децении имаме ваков брз и ваков квалитетен скок на ова ниво во оваа сфера.

Лекот е да се побара јасно и гласно, недвосмислено, решително, од политичките партии да престанат со калкулирање околу политичките поени. Околу тоа како ќе успеат да го уценат премиерот или некој друг, којшто е во позиција да даде некаква придобивка или бенефиција.

Ова е момент кога и институциите и оние што ја креираат целата атмосфера, меѓу другото и оние што го креираат јавното мислење мораат многу сериозно, многу решително без никакво двоумење и калкулирање, без потрага по бенефиции или профит од било кој вид, претежно финансиски, да побараат од политичките партии еднаш да се изјаснат јасно и да постапат според она што ќе го кажат. Па нека е тоа и некоја позиција којашто е ретроградна или спротивна на она што се нарекува мејнстрим или пак, една прилично масовна тенденција да се оди напред, да се оди кон евро-атлантски интеграции. Мораме да побараме од нив, и ние да ги условиме, како јавност, како невладини организации, како граѓанки и граѓани. Да ги условиме дека доколку се однесуваат калкулантски и деструктивно во овој процес, дека тие нема да ја добијат довербата во некој нареден изборен процес.

Тие, исто така, мора да бидат разобличени и да се дознае еднаш засекогаш дека она што тие го нарекуваат политика, всушност е уценување едни на други. Натегање и пазарење околу позиции во некакви институции, околу тендери, околу помилувања или не помилувања и други бенефиции кои немаат буквално никаква врска со животот на граѓанките и граѓаните. Немаат никаква врска со процесите кои се одвиваат во моментов. Тоа се процесите на зачленување во НАТО и потоа добивање на претпристапни преговори за интеграција во ЕУ.

Обработка на текст: Маја Ивановска
Камера и фотографија: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети


Видео-став на ЦИВИЛ е содржина што се објавува секојдневно и се однесува на актуелните општествени состојби.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Tags: говор на омразаДералареферендумЦивил
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ