• Latest

Дерала: Државата мора да ги третира гласачите како луѓе, а не како бројки

September 21, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Државата мора да ги третира гласачите како луѓе, а не како бројки

September 21, 2018 10:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Во најновиот прилог на ЦИВИЛ Медиа во рубриката ДИРЕКТНО, Џабир Дерала говори за недостатоците на законската регулатива со која дел од граѓанките и граѓаните се оневозможени да го искористат своето право на глас. 

Дерала, ЦИВИЛ: Многу е важно да се запомни и еднаш да се испочитува принципот дека државата е таа која има обврска кон гласачите да ги исполни и испочитува нивните права и да овозможи максимални услови за почитување и практикување на правото на глас. Тоа е фундаментално право што државата е должна да го регулира меѓутоа и да ги овозможи примените и законите кои се во врска со таа материја.

Ние во изминатиот период забележуваме многу фалинки во изборниот законик пред сè во однос на тоа дали и колку граѓанките и граѓаните можат да гласаат во одредени околности. веќе зборувавме за тоа дека едноставно оние кои ќе се најдат на 30 септември надвор од државата нема да може да си го искористат правото на глас заради тоа што немаат регулирано престој во таа држава. во соседните земји тоа е регулирано со една до две линии во законите и на луѓето им се овозможува правото на глас да го практикуваат со само еден телефонски разговор и со само еден допис до конзуларните преставништа на таа држава. Тоа не се направи.

Сега имаме ситуација луѓето што се болни, односно тие што не знаат дека ќе се разболат на денот на гласање, нема да може да ко искористат своето право ако седум дена пред тоа не ја најават својата потреба да гласаат дома. Значи, ако се разболиш пет дена пред референдумот не ќе може да гласате од дома туку ќе мора да се снаоѓате да одите до гласачкото место за да го направите тоа.

Апелираме до државните институции, до ДИК, до Собранието да спроведат некои итни мерки кои се во рамки на законот и да обезбедат гласање на сите граѓан(к)и со право на глас. Што е можно побрзо и поефикасно да им овозможат такво нешто бидејќи според уставот имаат обврска да им овозможат услови за гласање на сите граѓанки и граѓани со право на глас.

Не е прифатливо да имаме граѓан(и) кои заради недостатоците во изборниот законик, заради третманот на гласачите како бројки а не како луѓе да имаме ситуации каде што луѓето не ќе можат да гласаат. Ова е проблем кој мора да се регулира на институционално ниво за да се испочитува основното човеково право, правото на глас.

Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Кирил Михаилов


Содржината е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКзаконпарламентправо на гласреферендум
Share66Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result