• Latest

Дерала: Национализмот не дозволува постоење на индивидуална експресија

September 13, 2018

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Национализмот не дозволува постоење на индивидуална експресија

September 13, 2018 13:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дерала, ЦИВИЛ: Интересно е што во јавниот дискурс се разви оваа дебата и се направи разлика помеѓу тоа што значи национализам, а што патриотизам. Јас во оваа прилика би сакал да го цитирам насловот на колумната на Злате Лозановски, напишана за нашата платформа – ЦИВИЛ Медиа, во која тој вели: „Патриотот ја брани државата, а националистот се брани со неа!“.

Тука е една многу интересна работа за разликата меѓу патриотизмот и национализмот која ја гледаме насекаде во јавниот дискурс, особено во она што ние го нарекуваме војна на Фејсбук, или војна на зборови на социјалните медиуми. Тука може да се забележи дека всушност патриотот е оној кој ја сака својата земја, го сака општеството во кое живее, во коешто се обидува да придонесе. Тој е активен граѓанин или активна граѓанка. Тие со својата љубов, со својата идеја, својата енергија се обидува да му даде нов квалитет на живеењето во неговата земја. Додека националистот е оној што мрази. Тоа е една деструктивна појава, деструктивен лик кој му припаѓа на едно минато кога националистите имале некоја позитивна, креативна улога во историјата и во општествата. Националистот е оној којшто ги мрази другите. Тоа се оние коишто не гледаат грешки кај „своите“, туку гледаат само грешки, страв и опасност од страна на „другите“.

Она што мене особено ме фасцинира во една политичко – филозофска мисла е германскиот филозоф Хабермас, кој го креира терминот уставен патриотизам. Односно, љубов на секој граѓанин или граѓанка на таа држава кон земјата во која живее со сите нејзини атрибути, со сите нејзини разнобојности. Тоа е накратко сублимација на оваа навистина богата со содржина политичка и филозофска мисла на Хабермас. Јас мислам дека токму во овој турбулентен период, период кога треба да се донесат навистина големи одлуки, ние го гледаме овој тип на патриотизам како можност луѓето да се активираат и да придонесат кон развојот на својата држава, кон развојот на општеството во кое живеат.

Се разбира, патриотизмот може многу да помогне токму во овој период, за да се разберат потребите на ова општество, во кое иднината за генерациите кои доаѓаат треба да ја подготвиме сега. Да бидеме солидарни со потребите на генерациите после нас за да не биде срамно тоа што ние сега го правиме. Затоа мислам дека оние коишто сметаат дека патриотизмот и национализмот се една те иста ствар, треба малку подлабоко да погледнат во суштината на нештата и ќе видат дека национализмот е деструкција која на крајот се јаде самата себе си. Тоа е нешто што не му дава квалитет на живеењето, туку само го уништува. Тоа е една прилично темна страна од општественото битисување. Национализмот не дозволува постоење на индивидуална експресија. Не дозволува постоење на личен став. Тоа е повеќе развој на една психологија на ордата, племето, која е секогаш погрешна. Која секогаш повлекува насилство или создава потенцијали за насилство.

Обработка на текст: Маја Ивановска
Камера и фотографија: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети


Видео-став на ЦИВИЛ е содржина што се објавува секојдневно и се однесува на актуелните општествени состојби.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

[divide]

Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Tags: демократијаДераланационализампатриотизамХабермас
Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ