На овој ден 9-ти Мај, покрај денот на Европа, ние се потсетуваме на горчливиот вкус, односно нашата држава се сеќава на „Диво Насење“ во Куманово каде за животот го загубија неколку лица, и со почит се секавам на тој ден“, истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ на дискусија на тема „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската унија”, во организација на Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА, по повод 9-ти Мај – Денот на Европа.
„Граѓанското општество е тука и да следи, потсетува и да учествува во подобрување на општеството. Политичарите треба да имаат политичка воља да обезбедат подобар живот на граѓаните и кога ќе завршат со нивните говори.
Ние пред 20 години повикуваме на мир уште од првиот ден откако почна војната. На 16 август 2021, ЦИВИЛ за десетина дена собра над 10.000 потписи за поддршка на Рамковниот договор. Охридскиот договор не е само хартија туку стана и политика. Тој не е само мировен договор меѓу помирување на Македонците и Албанците, туку тој е договор за мултикултурност“, нагласи Дерала.