„Пред се, активностите на ЦИВИЛ во рамките на изборните процеси се една прилично комплексна активност, и се дели на најмалку три области, кои ги работат три различни тимови кои имаат комуникација меѓу себе само да се информираат што работат, меѓутоа не и да учествуваат во работата на другите тимови. Зошто, заради тоа што се работи за потребата за некои работи во нашите активности да бидат стриктно поделени. Пред се, со тоа мислам на мониторингот на ЦИВИЛ, мониторингот мора секогаш да биде добро, крајно заштитен, изолиран и сосема независен од која било друга активност што ја прави ЦИВИЛ, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на конференцијата „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, што се одржа на 23 јуни 2021.
– Дали е тоа медиумска продукција во која информира за активностите на најрелевантните институции, или на политичките партии итн. Исто така, во третата област, се работи за граѓанската едукација која се однесува на правото на глас, тоа исто така мора да биде стриктно поделено, изолирано од мониторингот. Во таа смисла, ЦИВИЛ продолжува со мониторингот на изборниот процес. Веќе е во тек една нова фаза засилен долгорочен мониторинг на изборниот процес, во однос на настаните и процесите кои можат да имаат изборен контекст. Не секогаш, меѓутоа некои постапки во јавноста, во институциите, може да добијат изборен контекст во одреден момент, во зависност од тоа како се поставени. Затоа, можам да кажам дека повеќе од дванаесет луѓе веќе се активно инволвирани низ целата земја, и мониторираат различен аспект на изборниот процес, меѓу другото, една наша специјалност, која во изминатите години се истакна, се издвои како активност во организацијата, е нашиот мониторинг на политичкото финансирање, а со тоа и финансирањето на кампањите, соопшти Дерала.
-Во тие рамки, би сакал да споделам и со јавноста, и со моите колешки и колеги овде, дека Државната изборна комисија наспроти многу сериозните предизвици, и во смисла на динамика на носење закони, законски измени и сето тоа, успеа навистина добро да се справи со тие предизвици. Пред малку и потпретседателката спомна една ситуација од која, искрено, и ние бевме изненадени, меѓутоа, Државната изборна комисија успеа, и од тоа да излезе, условно кажано победник во поглед на професионалните побарувања.
-Во делот на долгорочната работа на организацијата, ние учествуваме, колку што можеме, и во изборните реформи. Меѓутоа, што се однесува до самите активности на ЦИВИЛ, како дел од работната група која ја предводи министерството за правда, ние успеавме не само да предложиме неколку, скромно, колку што можевме како организација, се надевам дека тоа беше значајно, сепак…Освен тоа, ние ги слушавме внимателни и сите други учесници во работната група. Тоа е дел од нашиот мониторинг, кој можеби не се гледа во јавноста, може да биде здодевен за пошироката јавност, но за нас е многу значајно да слушнеме што ќе каже еден член на државната комисија или еден член на политичка партија или на парламентот. Значајно, бидејќи ние понатаму врз основа на тоа ги градиме нашите стратегии. Затоа е важно за нас да ги слушнеме сите инволвирани. Меѓутоа, што се однесува до самите препораки од ОБСЕ и ОДИХР кои толку многу често ги слушаме, од највисоките до најниските ешалони на институциите, власта, владата, партиите и така натаму, јас би сакал да споделам една информација за која знам дека сте делумно свесни, а тоа е дека најголемите меѓународни организации, всушност еден сериозен дел од своите констатации, препораки, анализи и извештаи, ги засноваат врз основа на тоа што домашните експерти го кажуваат.
Тие домашни експерти најчесто можете да ги најдете и во граѓанското општество. Се разбира, политичките партии имаат многу сериозен експертски капацитет, имаат и институциите, особено по редот на нештата Државната изборна комисија има врвни експерти, меѓутоа, имајте предвид дека еден многу сериозен дел од тоа што го кажуваат големите институции и организации, па нека се тоа и ОБСЕ и ОДИХР, всушност се заснова на нашите сознанија, нашите извештаи, нашата комуникација со јавноста и институциите и гласачите, посочи Дерала во однос на препораките и сознанијата на Организацијата со кои се користат големите организации за изборниот процес.
-Би сакал во кратки црти да додадам дека освен политичкото финансирање, предмет на нашиот долгорочен мониторинг, е и начинот на кој се подготвуваат институциите, политичките партии и сите други учесници во изборната трка, за тоа како ги почитуваат добрите изборни практики. Значи не секогаш само законот, се разбира дека законот е најважен, но добрите изборни практики претпоставуваа и етика. Тука обрнуваме внимание на тоа кој е вокабуларот, како се држат настаните, како се почитуваат нашите препораки за добри изборни практики… Понатаму, се разбира, медиумите, особено интернет медиумите се дел од нашиот мониторинг, многу сериозно ги набљудуваме, особено од аспект на лажни вести, дезинформации и говор на омраза. Кога ќе кажам медиумите и интернет медиумите, тоа ги подразбира и социјалните мрежи.
На денот на гласањето, веќе традиционално стана да истрчуваме на теренот со триста мобилни набљудувачи, сакам да потенцирам мобилни, затоа што секој од нашите набљудувачи набљудува, односно покрива од пет, до петнаесет избирачки места, значи во просек десет избирачки места, со тоа што ние ќе покриеме околу 45 до 50 отсто од избирачките места низ целата земја, потсетува Дерала.
-Би сакал само во кратки црти да додадам за нашите долгогодишни препораки, особено на нашиот став, кој постојано го повторуваме во секое наше соопштение, дека државата има обврска да обезбеди максимални услови за искористување на правото на глас на секоја граѓанка или граѓанин. Особено во контекст на тоа што го кажа потпретседателката на Државната изборна комисија, сметам дека треба условно да се каже, да се прошири со тоа дека државата треба да и обезбеди максимални услови за работа и на Државната изборна комисија. Што значи дека и ние како граѓанско општество и политичките партии, се разбира и другите институции мораат да сфатат дека ДИК во пирамидата на важност во изборните процеси е на врвот. И најодговорна е, но и најмногу треба да и бидат обезбедени услови. Не само пари и зграда, туку и други услови.
Во прв ред, треба да се внимава на сајбер безбедноста, видовме дека сајбер безбедноста на многу важни институции насекаде во светото, особено во изборните процеси, е нарушена, е во ризик, и на тоа треба да се обрне многу внимание. Што значи дека и други институции треба да се вклучат во зајакнување на тоа што значи работа на Државната изборна комисија. Истовремено, би сакал да кажам дека ДИК во тој дел на комуникација со јавноста има предизвици во делот од архивирање и презентирање на тие архиви, мислам дека се уште имате дел од архивите кои, особено ако зборуваме за 2018 година, недостасуваат онлајн, немаме податоци, барем не се комплетни онака како што беа, би препорачале да обрнете внимание на тоа. Процесот на изборните реформи во нашата земја мора да биде соодветен на капацитетите и потребите на целото општество и на институциите. Значи вие може да кажете дека ни треба нов Изборен законик, навистина ни треба, тоа е наша препорака како организација, меѓутоа мора да знаеме дека тоа треба да се случи во долг временски период. Не може пократко, не треба да се брза, мора да се тестираат работите, како што кажавте и вие, и тие двесте фингер принт апарати треба некако да се тестираат. За после тоа, на денот на гласањето секој граѓанин или граѓанка што дошол на избирачкото место, мора максимално да го искористи своето право на глас.
-Не смее да се случи граѓанка или граѓанка да излезе од избирачкото место без да гласа. Што сака нека се случи! Таа или тој мора да гласа! Затоа што дошле на местото на гласање. Тоа, вие политичари, пратенички и пратеници, ДИК, најдете… Бидејќи ние како организација ако нешто гледаме како најголем проблем е токму правото на глас, на секоја граѓанка или граѓанин, кога решиле да дојдат да гласаат, тоа и да го искористат тоа право. Се разбира, ве молам да ги прочитате, а тоа се однесува и на јавноста, и нашите препораки во бројните публикации кои сме ги издале, сме ги отпечатиле, а ги има и во електронска форма на нашата медиумска платформа, секој може да се обрати до ЦИВИЛ, и за крај, слободно аплицирајте но побрзо, затоа што навистина е голем интересот да се биде ЦИВИЛ, односно да се биде набљудувач на ЦИВИЛ, порача Дерала.
Д.Тахири
Камера: Атанас Петровски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети