• Latest
Џабир Дерала, ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Дерала со книга за украинскиот хероизам наспроти неизмерното зло

March 1, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Дерала со книга за украинскиот хероизам наспроти неизмерното зло

March 1, 2023 14:53
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ТОП 5
Џабир Дерала, ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Џабир Дерала, ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Книгата „Украина-Година на хероизмот“ од Џабир Дерала го опфаќа периодот непосредно пред руската целосна инвазија во 2022 година, како и 365-те дена на, како што вели авторот, неизмерното зло врз украинскиот народ од рускиот агресор наспроти хероизмот и жестоката борба за слобода за Украина, но и за целиот свет.

Книгата (380 страници) е составена од два дека. Во првиот дел (270 страници) се објавени 53 текстови на Дерала, вклучувајќи го и воведот, како и колумни и анализи на војната, со посебен фокус на руската пропаганда, воените злосторства и хибридните напади врз нашата земја и пошироко. Вториот дел од книгата (90 страници) се состои од своевиден дневник на најважните настани и битки од 24 февруари 2022 до 23 февруари 2023 година, кој го подготвија Драган Мишев и Биљана Јордановска, во соработка со редакциите ЦИВИЛ Медиа и Фронтлајн.

Првата промоција на книгата се одржа на 24 февруари, една година од почеток на руската агресија врз Украина, како дел од истоимениот настан што опфаќаше и конференција, изложба на фотографи и промоција на филм.

Книгата ја промовираше новинарот Зоран Иванов, кој ја истакна хуманоста, пожртвуваноста и борбата за факти и вистини на авторот Џабир Дерала.

На годишнината од руската агресија врз Украина, документ со погледи и анализи, колумни, тука во неа е збран и тимот на неговиот ЦИВИЛ, на тие неуморни космополити, следбеници на философијата на правда, за мир, за еднаквост, за човечност – сето ова во „Украина – Година на хероизмот“, рече Иванов во својот говор посветен на книгата.

Според Иванов, „изминатите 365 украински денови, се и 365 денови на Џабир, непроспиени ноќи, негови 365 активистички и негови нови творечки деноноќија“.

„365 дена негов човечки немир. Немир за мир. Ама и за револт, и за осуда, и за одговорност. Со негов став, како личен печат, но и печат на тимот на ЦИВИЛ. Печат, како белег вкотвен во страниците на неговата Украина – Година на хероизмот“, истакна Иванов.

Тој го парафразираше авторот, кој напиша дека оваа книга говори за „хероизмот наспроти неизмерното зло“.

Ова е книга за тоа како го доживеавме хероизмот наспроти неизмерното зло, нѐ упатува авторот Дерала во мноштвото авторски текстови на темата, на настаните пред настаните, на денот пред почетокот на агресијата и натаму преку хронологијата, ден по ден, од првиот до 365 ден, преку неговите погледи, ставови, неговите фактографски и неговите аналитички приоди…“, изјави Зоран Иванов во неговата промоција на публикацијата „Украина-Година на хероизмот“.

Дерала се заблагодари на своите колеги од ЦИВИЛ и од редакцијата Фронтлајн, кои од почетокот на руската инвазија врз Украина, работеле и работат на тоа да ги донесат фактите и вистината за тоа што се случува во Украина.

„И оваа е една линија на фронтот во која гинат фактите и вистината. Оваа книга е скромен обид да се бориме против дезинформациите и пропагандата кои нанесуваат тешки последици за Украина, но и по Европа и по светот. Ве молам, ако дојдете до оваа книга и до страница 101, прочитајте ја колумната за малата Тања од Мариупол, која почина под урнатините на својот град, под рускиот ракетен терор, покрај мртвото тело на својата мајка. Умре од дехидрација, по неколкудневно жедување, во урнатините. За да ја напишам таа колумна, ми требаа долги часови истражување, што претставува дехидрација и како се умира од неа. Така напишав една реконструкција на смртта на едно 6 годишно девојче“, рече Дерала.

Публикацијата е посветена на сите деца на Украина.

Б. Јордановска

Камера: Атанас Петровски и Александар Ризински
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети


Можеш ли да замислиш? – Посветено на малата Тања од Мариупол, Украина. (8 март, 2022)

Можеш ли да замислиш?

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ