• Latest
Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Г. Н. / ЦИВИЛ)

Дерала: Време е за решителен отпор против авторитаризмот и хибридните закани

December 5, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала: Време е за решителен отпор против авторитаризмот и хибридните закани

December 5, 2025 14:52
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ДЕМОКРАТИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ФОРУМ
Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Г. Н. / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Г. Н. / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Со прес-конференција одржана денеска во 11 часот во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје,  ЦИВИЛ официјално ја започна деветдневната програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, која ќе кулминира со меѓународна конференција на 12 декември.

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ испрати силна, јасна и алармантна порака за состојбата на демократијата денес. Тој нагласи дека ова не е само уште еден настан, туку „повик за будност, за здружена акција, за обновена одговорност“.

Во обраќањето, Дерала недвосмислено укажа на драматично променетите околности во кои денес функционираат демократските општества.

„Живееме во време кога вистината е оспорена, кога човековите права се под закана, а демократиите – и дома, и во регионот, и ширум светот – се под силен притисок од војни, авторитарни режими и хибридни операции,“ истакна тој.

Тој потсети дека само до пред неколку години граѓанските организации, медиумите и институциите се занимаваа со промоција и развој на демократските вредности, но дека денес „оваа сфера станува сфера на одбрана – одбрана на вредностите, институциите и човековото достоинство“.

Дерала предупреди дека е неопходно европските и демократските држави да бидат решителни:

„Време е да се преземат итни и решителни чекори за да се стави крај на империјализмот, агресијата и авторитаризмот што ја загрозуваат безбедноста и го искривуваат јавниот дискурс.“

Програмата, која ќе трае од 5 до 12 декември, вклучува медиумски активности, јавни настапи, специјализирани работилници, експертски тркалезни маси и меѓународна конференција.

„Оваа програма гради мостови меѓу локалното искуство и глобалните предизвици; меѓу науката, новинарството, граѓанскиот сектор и дипломатската заедница,“ рече Дерала.

Клучни теми ќе бидат:

  • руските хибридни операции,

  • улогата на медиумите во пост-вистинското доба,

  • авторитарните влијанија во регионот и Европа,

  • експлозивниот развој на вештачката интелигенција во воени и информациски контексти.

„Ова се теми кои веќе ја дефинираат нашата иднина. И затоа мораме да ги разбираме, да ги анализираме и да делуваме,“ нагласи Дерала.

„Мораме искрено да се соочиме со прашањето: како дозволивме да се продлабочат ерозијата на демократските вредности и кризата на институциите? Не само кај нас, туку и во Европа и во светот“, изјави Дерала додавајќи дела овие негативни трендови не се изолирани, туку се дел од глобален судир меѓу демократијата и авторитаризмот:

„Демократијата не ја брани една организација, една институција или една генерација. Демократијата ја брани целото општество.“

Програмата го носи насловот „Хоризонти на слободата“, но според Дерала, тоа е многу повеќе од наслов – тоа е визија:

„Визија за општество во кое човековото достоинство е неприкосновено; во кое информациите се точни, институциите силни, а граѓаните слободни да живеат без страв и манипулации. Визија во која и најмалата држава има глас и место во семејството на демократии.“

Дерала упати порака дека демократијата треба активно да се брани и унапредува, а тоа е заедничка обврска на сите нас.

Б. Ј.


Прочитајте повеќе: 

Започна „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ – силна порака од ЦИВИЛ за будност, отпорност и заедничка акција

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ