• Latest

Дерала за ТВ Шења: Украинците многу добро знаат што значи руска чизма и руска пропаганда бидејќи под неа живееле и во времето на Советскиот Сојуз и потоа

October 12, 2023

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала за ТВ Шења: Украинците многу добро знаат што значи руска чизма и руска пропаганда бидејќи под неа живееле и во времето на Советскиот Сојуз и потоа

October 12, 2023 00:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Украинците многу добро знаат што значи руска чизма и руска пропаганда бидејќи под неа живееле и во времето на Советскиот Сојуз, а и потоа. И се разбира, сите тие дваесет и неколку години, поточно колку што Путин е на власт во руската федерација. Тие многу добро знаат што е пропаганда и знаат дека вредноста на луѓето кои се борат против пропаганда е многу висока и дека, едноставно, кога се соочувате со пропаганда, треба да знаете, да сте свесни дека пропагандата убива, исто како што убиваат бомбите, односно не знаете кој попрво убива“, рече Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на медиумската платформа наа организацијата во интервју за ТВ Шења, кое го водеше познатиот новинар и поранешен претседател на ЗНМ, Насер Селмани.

Според Дерала, Путин не ја почна својата пропаганда во 2022 година, исто како што не ја почна војната во 2022 година, туку ја почна во 2014 година со Анексијата на Крим и со воената агресија во Одеса, каде што имаше над 100 жртви.

„Руските сили не беа означени со ознаки на руската федерација, но сите знаеме дека се тоа руски сили. Се обидоа да ја заземат Одеса, па не им успеа. Има 100 жртви украинскиот народ од само таму. Само во тие денови во борбите околу Одеса“, потсети Дерала.

Тој се наврати и на Партнерството за мир на НАТО, кое Путин го искористи за свои цели.

„Ако се сеќавате, постоеше едно партнерство за мир во 1994 година. Кога Русија влегува во Партнерството за мир имаше помалку искрени, но и по малку неискрени намери. А кога дојде Путин на власт и кога ја презеде улогата на човек кој ја застапува руската федерација во партнерството за мир во 2000 година, ние уште тогаш требаше да видиме, Западот требаше да види – дека тој е таму за да го искористи времето и да ги планира своите империјалистички чекори“, рече Дерала.

Тој потенцираше дека тоа се видело во 2008 година, кога по Самитот на НАТО во Букурешт ја нападнал Грузија, а претходно имал разноразни воени авантури и интервенции и на друг начин се обидувал да влијае врз безбедноста на Европа и воопшто во Кавкаскиот регион или Евроазија.

„Почна со продорот во Африка и сега Африка е во голем дел под контрола на руските центри на моќ. Влијанието во Сирија е несомнено. Неговите прсти или отпечатокот од руските прсти, дали директно или индиректно, може многу лесно да се види и во најновиот крвав конфликт кој изби на Блискиот Исток меѓу Израел и Палестина, каде што гледаме една крвава битка. Ова е конфликт меѓу Израел и Хамас, меѓутоа палестинските граѓани и граѓанки страдаат во овој конфликт, исто како што во нападот на Хамас настрадаа толку цивили меѓу Израелците“, рече Дерала.

Тој додаде дека намерата е да се дефокусира Западот од она што се случува во Украина и дека првенствената улога е да се дестабилизира што поголем дел од светот. Дерала потсети и дека во Африка прашање на време е кога ќе се појават нови жаришта.

Во однос на констатацијата дека не им успеала намерата на Русите во Косово, Дерала рече дека нема неуспех за руската хибридна закана, бидејќи што и да постигнат тоа е добро. Макар и минимален успех на руската хибридна закана, таа носи некаков профит.

Според Дерала, неприфатливо е што цела една држава не видела дека се подготвува една жестока терористичка акција.

„Тоа не може да биде без знаење на државните структури. Може глумецот Вучиќ да глуми лудило, ама знаеме дека на највисоко ниво, ако ништо друго, им биле замижани очите. Дури и тоа ќе го наруши балансот, односно ќе ја наруши динамиката на српско-косовските односи, што значи дека понатаму се очекуваат тензии во нивните односи. Без оглед дали Србија ќе трпи санкции, како што претходно имаше закана со санкции и против власта на Курти, односно Косово“, заклучи Дерала.

М. П.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ