• Latest

Дерала за Утрински брифинг: Изборниот процес го одбележа црната кампања и родово базираниот говор на омраза

October 18, 2021

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала за Утрински брифинг: Изборниот процес го одбележа црната кампања и родово базираниот говор на омраза

October 18, 2021 10:20
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Во принцип, овие избори беа демократски, очигледно, заради тоа што опозицијата доби голем дел од позициите во локалната власт. Тоа значи дека граѓанките и граѓаните можеа да се изразат слободно на избирачките места, но, имавме еден многу сериозен проблем, фингерпринт апаратите. Тие практично го одбележаа денот, и добро е да се види што значеше изјавата на Даштевски дека ДИК не гарантира за функционалноста на овие фингерпринт апарати. Не Мораше да ни каже, тоа знаевме сите, дека никој не може да гарантира. Меѓутоа, некој мора да поднесе одговорност. И политичка, но и сите останати видови одговорности. Единаесет милиони евра отидоа во ветер, односно доколку тие апарати се внесат во систем и сериозно се работи, ќе треба едно година дена и на системот и на луѓето кои работат…

Имавме ситуација во која ние добивме информација од неофицијални извори дека системот на ДИК не работел во еден момент, подолго време. Исто така, имаме проблем со обуката на избирачките одбори.“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала денеска на Утрински брифинг.

Дерала се осврна на односот на дел на изборните органи, како што се општинските изборни комисии, кон набљудувачите на Организацијата, во текот на изборниот ден.

„Државната изборна комисија и нејзините органи имаат навистина добри и посветени луѓе кои професионално си ја одработуваат својата работа, но вчера имавме многу непријатни изненадувања, заради тоа што еден дел од изборните органи, вклучително и општинските изборни комисии, имаме и извештаи за тоа во текот на минатата ноќ, едноставно не сакаа да ги прифатат набљудувачите на ЦИВИЛ. Имате единствена организација која има вакво искуство во изборите… Имаше повеќе од десет случаи во кои член на избирачки одбор или претседател/претседателка на избирачки одбор, ги бркаше нашите набљудувачи, под изговор дека во ЦИВИЛ оваа година не се акредитирал во ДИК. Дека на ЦИВИЛ не му е местото тука, дури и со тие зборови е кажано на наш набљудувач, што е навредливо. Јас разговарав со човек од ДИК, ми беше ветено дека тоа ќе биде санирано, меѓутоа во текот на денот имавме уште три или четири такви случаи.“, посочи Дерала.

Во однос на нерегуларностите и инцидентите од вчерашниот изборен ден, Дерала вели дека овие избори, и покрај помалите нерегуларности, имавме фер и демократски избори.

„Ако видите дека за време на изборни процеси сме имале и убиства, за локални избори имавме и „олимписки“ кругови, по  седумдесет или сто луѓе на една адреса итн., влечени за уши, овие избори беа фер и демократски. Реално гледано, овие избори беа без инциденти, дури и бројката од 91 инцидент од Спасовски, и нас не изненади, мислевме дека има и помалку. Имаше низа нерегуларности коишто се однесуваа повеќе на кршење на изборниот молк… Има еден голем проблем, тоа што македонската политичка култура е таква што има огромна „толеранција“ кон црната кампања, и особено, родово базираната црна кампања. На тие малку жени кои имаа среќа да влезат во битката за локална власт, имаше неверојатна црна кампања која навистина е за срамота. Г-ѓа де Зулуета во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА изјави дека била шокирана кога дошла овде и кога ја видела претходната ситуација. Сега веројатно ќе биде нешто полоша.“, изјави Дерала.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ