• Latest

Десет клучни моменти во војната помеѓу Израел и Хамас

April 22, 2024
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
Илустрација ВИ

До 10 октомври е рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025

Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра

October 7, 2025

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

October 7, 2025

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 7, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово; СДСМ во Дојран, Богданци, Гевгелија и Валандово

October 7, 2025

Светска банка прогнозира стабилен економски раст за Македонија – 3,1 отсто во 2025 година

October 7, 2025

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Десет клучни моменти во војната помеѓу Израел и Хамас

April 22, 2024 15:24
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По денешната оставка на директорот на израелското воено разузнавање Ахарон Халива откако ја презеде одговорноста за неуспесите што доведоа до нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, ова се клучните моменти од речиси 200-дневната војна.

Утрото на 7 октомври, на крајот на еврејскиот празник Сукот, стотици борци на Хамас се инфилтрираат во Израел од Појасот Газа по копно, море и воздух. Тие убиваат цивили на улиците, во нивните домови и на музички фестивал, а ги напаѓаат и војниците во армиските бази. Тие зедоа околу 250 заложници во Газа, а некои од нив повеќе не се живи.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас и почна да го бомбардира Појасот Газа.

На 13 октомври, Израел ги повикува цивилите во северниот дел на Појасот Газа да се преселат на југ во рок од 24 часа, прогласувајќи го северот, кој го вклучува и градот Газа, за воена зона.

Стотици илјади Палестинци побегнаа во јужниот дел на Појасот Газа, додека цели области на север се срамнети со земја.

На 27 октомври почнаа копнена офанзива и израелските тенкови влегоа во Газа.

На 15 ноември, израелските трупи почнаа ноќен напад врз најголемата медицинска установа во Појасот Газа, болницата Ал-Шифа. Израел тврди дека Хамас имал команден центар под болницата, што вооружената група го негира.

Во двонеделната операција во март, Израел повторно ја нападна болницата Ал-Шифа.

На 24 ноември стапува во сила еднонеделното примирје помеѓу Израел и Хамас, што беше постигнато со посредство на Катар. За време на примирјето Хамас ослободи 80 израелски заложници во замена за 240 Палестинци од израелските затвори. Дваесет и пет други заложници, главно тајландски работници на фарма, се ослободени надвор од договорот.

За време на примирјето Израел дозволи поголема помош за Појасот Газа.

Кога војната продолжи, Израел ги проширува своите акции во јужниот дел на Газа.

На 12 јануари, САД и Велика Британија почнаа воздушни напади врз цели на бунтовниците Хути во Јемен откако тие неколку недели ги напаѓаа бродовите во Црвено Море во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Во привремената одлука на 26 јануари за случајот што го иницира Јужна Африка, Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) оцени дека акциите на Израел би можеле да претставуваат геноцид врз Палестинците во Појасот Газа.

ИЦЈ му нареди на Израел да направи „сè“ за да спречи какви било акти на геноцид, но не нареди да се запре војната.

На 29 февруари, израелските сили отворија оган врз жителите во северниот дел на Појасот Газа кои ги чекаа камионите со храна. Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 115 луѓе загинале, а стотици се повредени во израелскиот напад.

На 2 април, седум хуманитарни работници од американската добротворна организација „Ворлд централ кичн“ (World Central Kitchen), од кои шест странци, беа убиени во израелски напад во Појасот Газа.

Израелската војска поради тоа отпушти двајца офицери, тврдејќи дека загинувањето на хуманитарните работници била „трагична грешка“, а израелскиот премиер Бенјамин испрати претставници на нови преговори за примирје во Каиро.

На 13 април Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили врз Израел, додека израелската армија тврди дека сите проектили биле пресретнати. Нападот беше преземен како одмазда за израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Дамаск на 1 април. Тоа ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ИзраелХамас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ