Десетици делегати го напуштија рускиот говор пред Советот за човекови права на ОН во Женева во средата во знак на поддршка на Украина, објави Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Делегатите, вклучително и амбасадорите на Франција, Германија и Велика Британија, се собраа пред просторијата каде што се одржуваше седницата по повод одбележувањето на три години од целосната инвазија на Русија на Украина.
„Нашата поддршка за Украина е железна. Сакаме да видиме праведен и траен мир во согласност со повелбата на ОН“, рече британскиот амбасадор во ОН и Светската трговска организација, Сајмон Менли.
„Украина мора да биде на преговарачката маса“, рече Менли, кој го напушти говорот откако започна.
„Ако го оставиме она што се случи со Украина без да реагираме… ќе ја отвориме вратата за распаѓање на основните принципи врз кои се основани ОН“, рече францускиот амбасадор Жером Бонафонт.
Местото на Вашингтон во Советот за човекови права беше празно по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од телото, кое е единствената меѓувладина организација која ги штити човековите права.
Д. Мишев