• Latest

Дескоска: Важно е да се направи вистинска проценка што е говор на омраза, што дискриминира и стигматизира, а што слобода на изразување

June 12, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дескоска: Важно е да се направи вистинска проценка што е говор на омраза, што дискриминира и стигматизира, а што слобода на изразување

June 12, 2020 14:07
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на „Здружението на новинарите на Македонија“, денеска се одржа вебинар на тема: „Нови трендови во локален и регионален контекст во законодавството за клевета и навреда“, на кој свое обраќање имаше и министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска.

Во Министерството за правда во тек е изработка на измени на Законот за навреда и клевета. Дескоска истакна дека целта е воспоставување на правна рамка согласно европските стандарди со цел да се заштити слободата на изразување и да се воспостави баланс со заштита на личното достоинство, недискриминацијата, забрана за стигматизација и слично.

Во моментот се подготвува анализа од страна на експерт ангажиран од Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (УНОПС), во која ќе бидат опфатени праксата на Европскиот суд за човековите права, компаративни искуства, но и на досегашната примена на домашниот закон, која ќе претставува основа на измената на овој закон, заедно со други релевантни анализи.

Дескоска истакна дека концептот за работа, суштината на законот, треба да одреди соодветна висина на казна – не казна којашто ќе биде превисока, туку казна којашто ќе биде симболична како сатисфакција на оној којшто му е повредено правото со одредена навреда или клевета.

“Казната не треба да биде казна којашто ќе значи обесхрабрување на слободата на говор. Секако, законот не треба да се фокусира единствено на висината на казните, туку да опфати и други прашања со цел да се креира конзистентна правна рамка согласно европските стандарди“, потенцираше Дескоска.

„Слободата на говор, без сомневање е основ на демократското општество, но сепак мора да сме свесни дека европските стандарди не ги штитат сите типови на говор. Важно е да се направи баланс и вистинската проценка што претставува говор на омраза, што дискриминира, што на некој начин стигматизира одредени групи, а што е слобода на изразување“, истакна Дескоска.

Новина е и тоа што во Министерството за правда се подготвува целосно нов Кривичен законик. Дескоска истакна дека очекува јасни и прецизни описи на забрането однесување заради обезбедување на правна сигурност на сите.

Како пример, министерката го наведе кривични дела коишто тангираат слобода на говор како повреда на углед на државата, предизвикување на национална, расна и

верска омраза, поттикнување на дискриминација, ширење на расистички и ксенофобичен материјал, поттикнување на геноцид, изложување на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците.

“Очекувам преку јасното формулирање на она што ќе биде инкриминирано во овие дела да се направи разграничувањето со она што ќе значи гаранција за слободата на говор“, истакна Дескоска.

Целта е двата закони да бидат комплементарни и да не содржат конфликтни одредби.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ