На панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“ проф. Рената Дескоска се осврна на потребата од нов изборен законик.
Очигледно е дека одредени дебати кои се водат меѓу одредени партии не вродуваат со плод. Доколку нема согласност за други политички прашања, изборен модел и слично не треба да се губи време туку собранието треба да пристапи кон усвојување на препораките на ОБСЕ. Ова не треба да биде пречка за отворање на нов процес за нов изборен законик. Една од препораките на ОБСЕ како приоритетна е дека изборниот законик треба да се усогласи со одредени стандарди кои се дадени во меѓународните документи. Проблемот во обезбедувањето на што е можно подобра атмосфера за спроведување на изборите се спроведува во две рамки.
Изборниот законик е хаотичен и не е читлив и затоа мислам дека треба да се направи нов законик.
Граѓани како учесници во изборниот процес немаат правен лек. За чисти избори треба да бидат сите вклучени и доколку се дојде до ситуација на нерегуларности тоа да се пријави.
Дик има задача да спроведе фер и регуларни избори без разлика дали тоа ќе значи дополнителна работа за нив или не.
Треба да се обезбедат кадровски и финансиски ресурси за ДКСК за мониторирање на изборната кампања.
Тоа што е соодветна препорака е дека постапката за избор на членови на дик треба да биде фер. Политичките партии треба да ги отворат своите врати на сите компетентни лица, и настрана да ги остават своите лични претензии.
Ние често пати имаме проблем и со праксата во дел на избирачките списоци. Немаме стандардизирани адреси и регистри. Често пати има нечовечки пристап кон оние кои поднеле приговор за нерегуларности.
Различното постапување кон медиумите е недозволиво и тука треба да се размисли на еднакви принципи на работа на сите медиуми.
Време е да се отпочне процесот за пишување на нов законик