Во Музејот на македонската борба за самостојност (на 9 јуни 2023) беше претставена изложбата „Украина се сеќава, светот признава“, во организација на Амбасадата на Украина во Скопје, каде беа поставени над педесет документи и фотографии и беше прикажан периодот на геноцидот на сталинистичкиот комунистички режим во 30-тите години во тогашниот Советски сојуз со цел да се предизвика геноцид врз украинскиот народ.
Борбата за слобода на украинскиот народ и целиот демократски свет продолжува. Деведесет години по Гладоморот, продолжува геноцидот против украинската нација што ја спроведува руската злосторничка машинерија. Гладоморот ќе остане запаметен, а светот го признава како геноцид. Признавањето на Гладоморот како геноцид претставува акт на борба за правда на жртвите.
Драган Мишев
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети