На социјалните мрежи се појави објава што отвора прашања за транспарентноста и критериумите на Конкурсот за издаваштво на Министерството за култура и туризам.
Авторот на објавата посочува дека еден издавач од Скопје добил одобрување за најмногу проекти – вкупно девет книги, и тоа со највисоки финансиски износи. Станува збор исклучиво за преводи, за чиј квалитет и значење, како што наведува, одлучувала стручна комисија.
Сепак, како што се тврди во објавата, пребарувањето на јавни извори не покажува речиси никакво присуство на овој издавач во книжевниот живот во текот на 2025 година – нема информации за нови изданија, промоции, фестивали или други активности.
Единствено што се споменува е стара медиумска објава (од портал кој, според авторот, веќе не постои), во која се наведува договор со Министерството за образование во вредност од околу 5,1 милиони евра.
Објавата отвора прашања за критериумите, видливоста и отчетноста во распределбата на јавните средства во областа на културата. За одбележување е храброста на авторот, чија издавачка куќа директно зависи од политиките на министерството, но уште повеќе загрижува молкот од институциите, здруженијата и јавноста.
ЦМ Деск











































