Седумнаесет годишна девојка од Бутел, вечерва е удрена од автомобил на улица „Црвени брегови“.
Девојчето одело кон нејзиниот дом, а одеднаш автомобил ја удрил од задната страна тврдат очевидци. Тие додаваат дека девојчето од ударот скокнало врз хаубата на автомобилот.
Веднаш е повикана брза помош и девојчето е хоспитализирано. Полицијата е се уште на терен и се врши увид на настанот.
E.K.