• Latest

Дезинформации за Ковид-19: Кина и Русија соголени во италијанскиот извештај

June 16, 2020
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дезинформации за Ковид-19: Кина и Русија соголени во италијанскиот извештај

June 16, 2020 18:12
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси сите во овој момент се согласуваме со фактот дека пандемијата драматично ги промени нашите животи засекогаш, и тоа, во многу случаи кон полошо. Меѓутоа изолацијата и фактот дека сè уште не можеме да уживаме и да се вратиме на најчестите навики што претходно ги земавме здраво за готово, нè натера длабоко да размислуваме за нашата позиција и за тоа колку лесно луѓето може да станат ранливи.

Покрај овие теми за размислување, пандемијата, исто така, смени или предизвика многу покомплицирани области на дејствување, вклучително и ширењето на лажни вести и активирањето на дезинформациските ефекти што се појавија во последните неколку месеци.

Францускиот мислител Бруно Латур вели дека коронавирусот нè научил на неверојатната лекција дека е можно за неколку недели, насекаде во светот, гигантската економија да запре.

Економијата во суштина е подвижниот живот, работата што луѓето ја работат толку долго, која беше самиот живот и се одвиваше многу години без никаков прекин. Сега кога се случија пандемијата и затворањето во домовите, луѓето имаа можност да размислат што е важно, а што не е.

Некако иронично, стопирањето на економијата и забавувањето на темпото на живот ги разгоре жариштата на лажните вести, реактивирајќи ги врутоците на написите со дезинформации со цел да се рашири пропагандата од некои од најмоќните нации на Земјата.

Копасир (Copasir), парламентарната комисија што ја надгледува работата на разузнавачките служби во Италија објави извештај во кој се извлекува официјален заклучок дека Кина и Русија ја искористиле пандемијата на ковид-19 за да извршат притисок со дезинформации и пропаганда, искористувајќи ја вонредната состојба во сопствен интерес.

Во извештајот напишан од италијанскиот пратеник од Демократската партија, Енрико Борги, врз основа на класифициран материјал обезбеден од италијанските разузнававачки служби, се наведува дека Русија се фокусира главно на теории на заговор со цел искористување на вирусот за свои цели за „да создаде недоверба во западните влади, во нивните здравствени системи и во научниот сектор.“

Од друга страна, Кина користи различна стратегија и со поинакви намери. Додека Русија ја искористи ситуацијата за да ги нападне западните земји користејќи ја несигурноста на луѓето за време на пандемијата, Пекинг се обиде да создаде слика за успех на Кина во справувањето со пандемијата, наменета за Западот.

Извештајот со многу детален приод посочува и на видеото објавено на „ЈуТјуб“ од страна на “New China TV” на кое се прикажани италијански граѓани во карантин кои, од своите балкони, извикуваат пофални зборови за Кина. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, го промовираше видеото на социјалните медиуми, но потоа се докажа дека видеото е „измонтирано“. Кина официјално ги отфрли ваквите тврдења.

„Во двата случаи целта е да се покаже дека авторитарните режими го победуваат вирусот, а демократските не,“ се вели во извештајот, кој ги наведува примерите на Германија и Јужна Кореја за да се демантира ова тврдење.

Покрај тоа што конкретни земји од Европската унија сега официјално и јавно го препознаваат и зборуваат за користењето на дезинформациски кампањи од страна на моќни, ривалски нации, и институциите на ЕУ реагираа, јасно препознавајќи го проблемот.

Во неодамнешна изјава, високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел, рече:

„Дезинформациите во време на коронавирус може да убијат. Ние сме должни да ги заштитиме нашите граѓани со тоа што ги посочуваме лажните информации и ги откриваме сторителите одговорни за ваквите практики. Во денешниот свет управуван од технологија, каде воините имаат тастатури наместо мечеви, и каде таргетираните операции за влијание и кампањите за дезинформација се познато оружје на државните и недржавните актери, Европската Унија ги зголемува своите активности и капацитети во оваа борба“.

„Соочени со сето ова, ние треба да преземеме одлучни дејствија и имаме должност кон нашите граѓани да им ги отвориме очите за лажните информации, да ги разоткриеме одговорните за ширење на истите и да ја засилиме нашата постојна работа за справување со овој предизвик,“ се вели во изјавата. / META

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ