Босанскохерцеговскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите raskrinkavanje.ba се зафати со оповргнување на една дезинформација што многу е присутна и на социјалните мрежи и на порталите во периодот од нова година, откако во Вухан започна епидемијата на новиот корона вирус дека со лук може да се заштитите од вирусот.
Конкретно, текстот што е анализиран тврди дека од заразување со новиот вирус може да се заштитите од COVID-19, со варење лук во вода. Дезинформацијата се појавува уште во јануари годинава, а се тврди дека „стар кинески лек се покажал како ефикасен – со 8 чешниња лук и 7 чаши вода, кои се варат,потоа водата се пие“. Се тврди дека со ова може да се спасат животи, но не се наведува каква било друга поткрепа освен повикувањето на „стариот кинески лек“.
Дека станува збор за непоткрепена информација потврди и хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите faktograf.hr, пишува текстот, потсетувајќи дека иако лукот навистина може да помогне за засилување на имунитетот, тој не може да заштити ниту да излекува, оти иако има антибактериски својства, Светската здравствена организација (СЗ) досега не потврдила дека има некако одреден лек, а најмалку вода од сварен лук, пишува raskrinkavanje.ba.
Овој сервис исто така се зафати со анализа на тврдења на интернет дека најзагрозена група со новиот корона вирус се луѓето со крвна група А.
Статистиката покажа дека 38 отсто од инфицираните во градот Вухан во Кина, каде што изби епидемијата има крвна група А, но исто така и дека дури 31 отсто од населението во градот е со таа крвна група, пишува raskrinkavanje.
извор: МЕТА