Дезинформација е краткото видео што се шири на социјалните мрежи во кое наводно припадник на специјалната единица „Волци“ упатува погрдни зборови за припадниците на МВР при вчерашните антиевропски насилни протести.
„На сите вас пи****и кои се криете зад униформата и мавате на народот од кој јадете леб, во уста да ви се н****м“, вели во краткото видео, поранешниот припадник на Волците, при што на крај си го плука телефонот.
Ова дезинформација е споделена над 120 пати, а на над 350 лица им се допадна пцовката а воедно и дезинформацијата.
Од Министерството за одбрана велат дека најостро ги осудуваат овие недолични искази и лажното претставување во име на Армијата.
„Во врска со видеото кое се шири низ социјалните мрежи во кое лице упатува погрдни и исклучиво недолични зборови кон службениците кои го штитат јавниот ред и мир и за кое лажно се тврди дека е дел од армиската специјална единица „Волци“, Министерството за одбрана информира дека лицето во ноември 2021 година има добиено отказ од Армијата на Република Северна Македонија заради тридневно последователно неоправдано отсуство од работа.
Од МО посочуваат дека припадниците на Армијата се достоинствени и посветени на безбедноста на сите граѓани и на држават, и додаваат дека Армијата е гарант на мирот и стабилноста, гарант на сувереноста на татковината.
Д. М.