• Latest
Ознаката „Дезинформација“ е редакциска и е ставена врз скриншот од насловот и фотографијата на текстот објавен на News1.mk, ноќта на 5 јули 2022

Дезинформација за наводни протести „од другата страна на Вардар“

July 6, 2022

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформација за наводни протести „од другата страна на Вардар“

July 6, 2022 09:04
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Ознаката „Дезинформација“ е редакциска и е ставена врз скриншот од насловот и фотографијата на текстот објавен на News1.mk, ноќта на 5 јули 2022

Ознаката „Дезинформација“ е редакциска и е ставена врз скриншот од насловот и фотографијата на текстот објавен на News1.mk, ноќта на 5 јули 2022

Share on FacebookShare on Twitter

Интернет страницата News1.mk објави текст со наслов „(ФОТО) Навивачи на Шверцери – Шкупи протестира на другата страна на Вардар “. Текстот се појави за време на насилните протести против решението на ЕУ за македонско-бугарскиот спор, што се одржаа пред трите македонски институции, Собранието, Владата и МНР, вечерта на 5 јули.

Оваа фото „вест“ се состои од една матна фотографија направена оддалеку и од која не го објаснува, ниту го илустрира тврдењето во насловот. Текстот гласи:

„Поголема група граѓани навивачи на „Шверцери – Шкупи“ кои со себе носат иконографија на УЧК и извикуваат националистички пароли, протестира на другата страна од Вардар, под Калето, кај мостот Гоце Делчев. Полициски сили ја држат групата на тој дел од градот.“

Текстот завршува со зборовите „Наскоро повеќе…“ и не е потпишан.

Ова е дезинформација.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ  Скриншот од насловот и фотографијата на текстот објавен на News1.mk, ноќта на 5 јули 2022

За што се работи?

Вистината е дека се работи за навивачка група на фудбалскиот клуб „Шкупи“ која се собра за поддршка на нивниот спортски клуб. Навивачите се собраа во пресрет на фудбалски натпревар што е дел од „Лигата на шампионите“ во кој играше скопскиот фудбалски тим Шкупи. Не да протестираат. Ништо не може да биде поврзано со протестите, освен што фудбалскиот натпревар се одржа во исто време со протестите.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ  Скриншот од текстот и фотографијата на објавени на News1.mk, ноќта на 5 јули 2022

Дополнително, интернет страницата News1.mk во наведениот текст ги поттикнува етничките предрасуди и стереотипи, без чувство за одговорност за штетата која може да ја предизвика во момент кога општеството се соочува со деликатни процеси и безбедносни предизвици поради ескалацијата на протестите. Изразот „од другата страна на Вардар“ што се користи во насловот и во текстот се користи за да се означи етничката припадност на Албанците, иако и на двете страни на реката Вардар која тече низ главниот град живеат најмалку шест различни етнички заедници.

Останува нејасен мотивот за пласирање на оваа дезинформација.

За време на насилните протести што ги организираа радикални антизападни политички партии и здруженија беа повредени 47 полицајци од кои 13 со потешки повреди, вклучувајќи и двајца во сериозно тешка состојба. Интернет медиумите и социјалните мрежи беа преполни со говор на омраза и повици на насилство врз основа на етничка припадност и политичка ориентација.

ЦИВИЛ Мониторинг тим

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ