Во денешното издание на „Утрински брифинг“ со Сашо Орданоски, како и секогаш повеќе од десет гости ќе говорат на најактуелните теми во земјава и во светот. Меѓу денешните гости во брифингот ќе учествува и Џабир Дерала од ЦИВИЛ, по повод денешниот онлајн настан на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал: Сè е поврзано“, кој е дел од серијата онлајн настани под заеднички назив „Во фокусот“.
На денешниот настан, „во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти на контролата на оружјето во земјата и во регионот. Фокусот ќе биде „изострен“ и на врската меѓу распространувањето на нелегалното оружје и организираниот криминал.
Редовните блокови со вести и вклучувања со линк во живо, како и низа други разговори, ќе го одбележат и ова издание на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
Следете го денешното издание на Утрински брифинг на јутјуб каналот Слободна ТВ: