• Latest

Џафери се сретна со претседателот на чешкиот Парламент, Вондрачек

July 13, 2018
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери се сретна со претседателот на чешкиот Парламент, Вондрачек

July 13, 2018 12:51
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери се сретна со чешкиот колега Радек Вондрачек во рамки на 3. Самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа и прославата на 550 години полски парламентаризам. 

За време на средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, двајцата соговорници разговарале за актуелните состојби во земјите и во регионот и заемно констатирале дека самити од ваков вид се одлична можност за зајакнување на парламентарната дипломатија, што и впрочем беше во фокусот на овој Самит во Варшава.

Двајцата колеги се согласиле дека постои одлична соработка меѓу двете земји на многу полиња, а особено на полето на миграциската криза, каде чешките безбедносни сили заедно со безбедносните сили на Република Македонија, на исклучително високо и професионално ниво ја вршат својата должност на обезбедување на јужната граница.

Џафери истакнал дека еден од приоритетите на неговиот мандат како претседател на Законодавниот дом е парламентарната дипломатија, како директен и неоптоварен начин за директна комуникација меѓу парламентите.

– Тоа претставува солидна основа за развивање на односите на повеќе нивоа на земјите од регионот и пошироко. Република Македонија високо ја цени континуираната поддршка што Република Чешка ја дава во сите меѓународни организации каде полноправно членува, посочил Џафери.

Од своја страна, Вондрачек нагласил дека за Република Чешка интегрирањето на земјите од Западен Балкан во европското семејство е единствена алтернатива за безбедноста и стабилноста на регионот. Посочил дека Чешката Република го очекува поскорешното приклучување на Република Македонија во европското семејство.

На средбата, претседателот на Парламентот на Чешката Република, му врачил на Џафери покана за официјална посета на Чешката Република. (МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијаПретседател на СобраниеРадек ВондрачекРепублика ЧешкасредбаТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ