• Latest

Џафери: Успешен референдум значи правна држава

September 27, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: Успешен референдум значи правна држава

September 27, 2018 18:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„На последниот ден од кампањата за референдумот кој ќе се одржи во недела на 30-ти септември 2018 година, сакам како претседател на Собранието на Република Македонија, заедно со Координативното тело и 120 пратеници во Собранието кои водеа кампања за и против поддршка на референдумското прашање, да ги повикам граѓаните да го искористат своето со устав гарантирано право и да излезат и да учествуваат во носењето на најважната одлука за иднината на нашата држава“, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешна прес-конференција пред започнувањето на предреферендумскиот молк. 

Џафери истакна дека како граѓани на оваа држава, сите имаме еднаква обврска и должност да учествуваме во носењето на оваа историска одлука, од која зависи правецот во кој ќе се движи Република Македонија.

„Изминатите дваесет дена, граѓаните преку медиумската кампања којашто ја водеше Собранието како единствен овластен носител, имаа можност да се запознаат со придобивките и перспективите што ги носи успешниот референдум за Република Македонија.

Позитивната одлука на граѓаните на 30-ти септември, за Македонија ќе значи отворање на вратите на НАТО и на Европската унија. Ова на нашата држава ќе и овозможи безбедност, отворени патишта за нашите граѓани, повеќе странски инвестиции, отворање на нови работни места, поголем пазар за пласирање на домашните производи, можности за напредок на младите генерации.

Успешен референдум значи правна држава, реформи во судството и целосно владеење на правото. Со еден збор, подобар живот за сите нас и за идните генерации.

Со позитивниот исход на 30-ти септември, Македонија ќе стане рамноправен партнер во НАТО Алијансата и ќе се отвори патот за влез на нашата држава во заедничкиот европски дом.

Почитувани граѓани,

Верувам дека во недела нема да останете затворени во минатото туку ќе излезете на избирачките места со што ќе ја донесете вистинската одлука за иднината.

Верувам дека ќе одберете иднина која ќе донесе напредок, соживот и просперитет.

Затоа, Ве повикувам на 30-ти септември заедно да гласаме „за“ евроатлантска Македонија!“, истакна Џафери.

К. С.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ