Како бомба одекна веста дека поранешниот шеф на разузнавање Сашо Мијалков станал возач за потребите на струшкиот затвор. Редакцијата на ОЗБИЛНО успеа да му земе ексклузивна изјава на возачот Бате Саше.
„Кодното име во затвор ми е „Транспортер“ хахах. Возам за без пари. Всушност се ресоцијализирам за кога ќе ја отслужам затворската казна и кога ќе бидам слободна птичка да имам некој занает што да работам. Мора од нешто да се живее. Знаете, сè ми конфискуваа, не ми остана ништо. Затоа мора да научам нешто да работам. А, единствено нешто за што мислам дека ќе ме бива кога ќе излезам надвор е брзо и безбедно да транспотрирам луѓе, предмети, стока, градежни работи, артефакти, Луи Витон торби и актовки… Засега добро ми оди, за почеток научив да возам, понатаму ќе видиме“, вели траспортерот Мијалков за ОЗБИЛНО.
Тој додава дека засега ќе транспортира само во Македонија, но ако му излезе добра исплатлива тура може да вози и до Будимпешта и други градови.
Транс Портер
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.