„Според она што го имаме во моментов како една слика е дека граѓаните сакаат да чекорат напред кон ЕУ но возот се движи бавно, не само во однос на политиките на ЕУ и аспирациите наши, туку и во однос на промените кои мора да почнат од самите нас“, истакна Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 на панел дискусија на ЦИВИЛ на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?
„Јоханес Хан при соопштувањето на европската комисија за земјата каза дека мора да се промени менталитетот на граѓаните, да се промени менталитетот на Балканот за да движите напред. Тоа се пораки кои можам да ги слушнам од познати аналитичари и политичари.
Секој министер мора да ја притиска владата дека некои реформи мора да се направат. Мора да почнеме од нас самите. Мора да се работи на реформи внатрешно во државата за во иднина да ги надминеме споровите кои ги имаме“, надополни Џундева.
И. Крџиќ