Земјата чека прва меѓувладина конференција, но колку сме подготвени во однос на таа прва меѓународна конференција, во однос на тимови, во однос на водење на преговорите, затоашто една работа е да се почне првата меѓународна конференција, меѓутоа преговорите имаат многу поголема и потешка задача и за институциите и за невладиниот сектор, воопшто и за сите, истакна Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 на панел дискусија на ЦИВИЛ на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?
Факт е дека медиумите креираат слика на граѓаните, што ќе испрезентираме тоа се прима и тоа се гледа. Нашиот пат, барем патот на Северна Македонија и целта е Европска Унија и НАТО. Како институциите и невладиниот сектор се стремат кон тоа, треба и медиумите повеќе да се стремат кон ЕУ вредности, во однос на покажување на тоа што работи Европа во делот на реформите. Преокупирани сме со спорот со Бугарија кој не можеме да го тргнеме на страна. Тоа е она што е проблем, не само за институциите туку и за граѓаните за да се движиме напред.
Затоа кога медиумите се фокусираат на политичките случувања тоа не значи дека се прави дефокус или дека не се придава внимание на она што треба да биде важно. Во моментот кога официјално ке започнат преговорите, сите ке бидат вперени кон медиумите да видат што прават и што сработиле. тогаш ќе може по директно една паралела да се направи, како функционира едно законодавство да речеме на Франција или на Германија, и до каде сме ние на Балканот и што прави Македонија.
Јас се обидувам на некој начин да направам паралела, додека чекаме датум за конференција, верувам дека фокусот на сите медиуми ке биде повеке насочен кон тој момент откако ќе има нешто опипливо.
Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиноски