Државната изборна комисија на Република Македонија објави збирен извештај за промените во Избирачкиот список, за јануари 2017 година. Во извештајот е наведено дека од Избирачкиот список е избришано 1.461 лице, од кои 1438 лица – затоа што починале, а 23 лица се избришани поради отпуст од државјанство.
Во списокот се направени 118 промени, заради промена на адреса или промена на име или презиме. На списокот се запишани двајца нови гласачи.
Редовните локалните избори треба да се одржат за околу три месеци, но неизвесно е дали ДИК ќе изнајде сили навистина да го прочисти Избирачкиот список или ѝ на овие избори граѓаните нема да може да си го остварат правото на глас, како на парламентарните во декември 2016 година.