Државната изборна комисија ја објави листата на прес конференции за сабота и недела. Прес центарот на ДИК ќе биде сместен во големата сала за седници во седиштето на ДИК, на четврти кат.
Во сабота ДИК ќе има две прес конференции во 12 часот и 19:30 на кои ќе се споделат информации за текот на гласањето во странство, гласањето на болни или немоќни лица и на лица во куќен притовор.
Во недела ДИК најави 7 прес конференции до 19 часот со можност за уште неколку во зависност од текот на денот на гласање. Првата прес конференција се очекува во 9 часот наутро, а во 18:30 часот јавноста ќе се информира и за техниката за пренос на резултати.
Б. Ј.