• Latest

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025 14:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна Комисија денеска не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје, откако членот на ДИК Дитмире Шеху побара одлуката да се донесе со консензус, едносгласно, повикувајќи се на одредби од Изборниот законик кои, како што рече, предвидуваат член на Комисијата да може да побара вакво гласање ако одлуката се однесува на немнозинските заедници.

За Шеху е спорно да се донесе вакво упатство врз основа на постојна одлука на Владата, со која, како што нагласи, бил намален бројот на советници врз основа на пописот кој населението го дели на резидентно и нерезидентно. Според неа, бројот на советници во општините и во Градот Скопје се утврдува согласно Законот за локална самоуправа, а не согласно одлука на Влада.

Со оглед на барањето на Шеху, за ова прашање ќе треба да се произнесе правната служба на Државната изборна комисија во одреден временски рок.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко претходно истакна дека вакво упатство за локалните избори во 2021 година било донесено врз основа на одлука на Влада од 2004 за број на советници во општините и во Градот Скопје.

Сепак тој го стави упатството на гласање по кое беше констатирано дека пет членови се за и двајца против со што упатството не може да се донесе консензуално односно едногласно.

-Со примена на одредбите од член 31 од Изборниот законик точка 34г на која се повика колешката Дитмире Шеху, која гласи дека кога предлог одлука на ДИК се однесува на интереси на немнозинската заедница пред ставање на одлуката на гласање кој било член на ДИК кој припаѓа на немнозинската заедница има право да побара од ДИК да одлучува таквата одлука да биде донесена со консензус. Согласно точка 34 г од член 31 од ИЗ како што беше предлогот на колешката, упатството го ставам на гласање како Предлог упатство за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совет на Општини и на градот Скопје, рече Кондарко и констатира дека пет членови на ДИК се за и двајца против.

Согласно ова и цитираната законска одредба, како што истакна, тој констатира дека за оваа одлука гласањето покажало дека нема консензус и таа не е донесена.

-Согласно дискусијата и предлогот на Шеху, ДИК по нејзино барање може да постапува согласно точките 34д и 34ѓ, односно колешката има право да се обрати писмено до правната служба која ќе го разгледува ова прашање и во соодветен рок е должна да даде одговор со писмено мислење, рече Кондарко додаде дека комисијата ќе се наврати на оваа точка од оваа седница по завршувањето на таа процедура.

На денешната 130. седница ДИК донесе неколку други одлуки поврзани со претстојниот изборен процес за локалните избори, а донесе и упатство за набљудување на изборната постапка, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ