• Latest

ДИК подготвена за денот на гласање

October 14, 2017

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК подготвена за денот на гласање

October 14, 2017 13:17
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Во интервју за МИА тој потенцира дека утрешните локални избори се услов за натамошен напредок на земјата и дека ДИК ќе стори се за успешен изборен ден, јавува МИА.

„Во името на сите членови на Државната изборна комисија, ги повикувам сите учесници во изборите, изборната администрација, политичките партии, граѓаните, да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија очекуваат од ДИК и од изборната администрација да се обезедат фер и демократски избори кои се услов за натамошен напредок на Република Македонија“ изјави Чичаковски.

ДИК, според него, ги заврши сите активности за подготовка и организирање на локалните избори 2017.

„Генерално завршени се сите активности за да обезбедиме фер и демократски избори, избори согласно Изборниот законик и другата позитивна регулатива во Република Македонија, вели претседателот на ДИК, известува МИА.

За Избирачкиот список повтори дека тој претставува добра основа за спроведување кредибилни и фер избори и оти тој е производ на постојната правна рамка и постојниот степен на точност на податоците кои се добиени од Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матични книги, основните судови и другите институции.

Бројката на пријавени болни и немоќни лица во споредба со локалните избори во 2013 година и предвремените парламентарни избори е помала, а тоа, според Чичаковски најверојатно се должи на упатството што ДИК го донесе уште пред парламентарните избори.

„Видлив е трендот и на предвремените парламентарни избори и на овие избори да се намалува оваа бројка. Можеби тоа е резултат на упатството кое го донесовме пред парламентарните избори каде што се прецизира одредбата од Изборниот законик која се однесува на начинот на одобрување на барање на гласање болни и немоќни“ рече Чичаковски во интервјуто за МИА, додавајќи дека можеби станува збор и за различен приод на граѓаните.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ДИКлокални избориЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ