• Latest
Војо Маневски

  Диктат или диктирање

August 26, 2023

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

  Диктат или диктирање

August 26, 2023 12:08
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Нема Европа со диктат, нема да ни диктираат текст за уставни измени, море ако не сме во неа нема ни Европа и готово!

Ова би било сосема според разбирање на работите и односите во светот на нашите опозиционери. Па ајде да расчистиме ние со таа превртлива госпоѓа.

А, што беше тоа Европа? Сестра на Кадмо? Ресторан во Охрид ли беше, нешто не се сеќавам? Нешто како незавршен проект кому му недостасува круна и на неа последниот скапоцен камен со милениумска историја и значење. Ѝ недостасува сонце и тоа нашето македонско, па сѐ да осветли и загрее, како што доликува. Како тоа не читаат претскажувања дека наидува студено време а тие немаат доволно енергија за загревање на комотните станови? Сонцето е ѕвезда и тоа единствена во нашиот систем, а ние сме деца на сонцето, без нас нема вистинско сонце.

Како мислат да го најдат гробот на Агенор, таткото на Европа без нас, затоа што тој некаде овде пред илјадници години е погребан? Како сонуваат да го комплетираат својот идентитет без основниот камен во темелот на Европската Унија како заедница со демократски критериуми, без нашите историчари и универзитетски професори по право. Невозможна мисија е тоа без диктирање од нашите избраници. А таа така недовршена задница Европа ни поставува диктати и тоа во разни, ама недоволно идентитетски имиња. Те Холандски, те Француски, час Бугарски па сега дури и Американски диктати. Одозгора дури не од цела Америка, туку само од дел од неа и како за инает половина од – Северна Америка. Место да се борат да го тргнат тоа „северна“ тие се гордеат со северџанската географска додавка и со федерална територијална организација. Глупаци! Само, кој ли им го измисли прекарот кој не можеме да го преведеме, дали е чичко или вујко СЕМ? Ете пред такви диктати ние треба да го свиеме милениумскиот врат на Аминта на Филип и не дај боже, на Александар Велики. Мало морген, што би рекол Циле од древната Македонија. Ако сакате да не имате за светла ѕвезда во круната не може да ни поставувате диктати туку со должна почит и церемонија ќе не ставите таму каде што ни е местото. Но пасаран, камаради!

Како мислите под диктат да го свиткате еден Николовски кој е капен во водите на Охрид веднаш по крстењето со водата во Периливлепта? Две децении се измачува да се издигне низ партиските скалила и сега вие нему ќе му поставувате диктат. А да знаете колку е зацврстен неговиот карактер низ диктатите на Груевски. Вашите белосветски диктати се како утрински далги на охридското езеро според она што мораше да му каже на Сашо и тоа пред камери и новинари.

Европа имала традиција и аристократија. Да, ама тоа не поминува кај нашите партиски челници. Знаат ли синокрвците дека не сѐ само тие потомци на грофови и лордови? Па и нашите се деца на поранешни директори, професори, амбасадори… и нашите не се тиква без корен! Достоинствено ја продолжуваат традицијата семејна. Можеле тие белосветски претставници со титула (заменици на заменикот на секретарот) да донесуваат диктати и да ни диктираат партиски соопшетенија а ние не сме смееле да ја продолжуваме професорската, амбасадорската или директорската функција на родителите?! И тоа само како наследство од овој транзицискиот период. Ако се разбркаме по археолошките наоѓалишта и архивите (посебно по архивите на „службите“), сигурно ќе направиме непрекинат синџир на вршители на државни функции далеку подолг од нивните латино американски презимиња.

Нема под диктат измена на Устав и нема објаснување пред јавноста? Нема ни заедничко соопштение? А зошто тие нам да ни диктирале соопштение? И како спомен на ваквите тортури кога ќе дојдеме на власт ќе ја повикаме Академијата да направи елаборат во кој буквата Д ќе се исфрли од нашата милениумска азбука и јазик. Ај да ги видам како тогаш ќе не диктираат. Смешки има да се наслушаме.

Мој предлог – место соопштение после средбата три дена нека се пушта старата револуционерна песна:

Паѓај сило и неправдо, ќе ти суди народот!

Бегајте од нас темнини, зазори и денот наш.

 Ако не е добар препевот, ќе помогне „ Левица“.

П.С.

Деца сме на Сонцето!

Само уште татко да не признае, ќе видат тие!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: диктатЕвропаинтеграцииопозицијауставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ