„Отоврање на голем број на портали, отвора голем број можности на пласирање на информации во јавноста. За жал голем дел од нив се непроверени информации, а се пласираат од луѓе што се занимаваат со новинарка дејност“, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во разговор со ЦИВИЛ Медиа на тема дезинформации и пропаганда.
„Јас имав искуство за време на кампања кога некои од моите против кандидати, директно финансираа одредени „електронски медиуми“ за да пласираат одредени невистини за мене и останатите кандидати на советничките листи, сè со цел да соберат ефтини политички поени и симпатии кај граѓаните. Мислам дека е потребно време и дека тоа ќе се издефинира во јавноста и ќе се создаде слика на кои портали и медиуми јавноста ќе верува, а кои ќе ги доживува како шпекулативни“, вели Димитриевски.
„Актуелна тема е она што се случува во Украина. Ако следите повеќе медиуми во исто време, зависно од кој центар се финансирани, дали прозападни или происточно дефинирани медиуми, ќе видите различни типови на вести. Која е вистината најдобро ја знаат само граѓаните на Украина, што во моментот се окупирани и се борат за својата слобода. Дезинформациите имаат големо влијание во делот на дестабилизација, бидејќи со една лажна вест вие можете да креирате сериозна дестабилизација во општеството, и го доведувате оној читател или слушател од другата страна во конфузна состојба, да почне да се сомнема во институциите на системо и во сето она што во моментот се случува во државата“, смета Димитриевски.
Според Димитревски, многу е присутно истранското влијание во државата, финансирани од различни центри што пласираат одредени информации во одреден момент. Но, како што вели граодначалникот, среќа е што веќе во секој дом има по едно лице што има доволно искуство да препознае дезинформација и да превенира.
Б. Јордановска
камера: Дехран Муратов